Интригантен наслов – разочарувачка содржина
Објавено во Рецензии
on 15 - 12 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Објавени нови „бомби“ за ДУИ, еве што содржат (Видео)
По социјалните мрежи се појавиле нови „бомби“ кои предизвикале вистински „земјотрес“ кај разграноците на ДУИ во Куманово и во Липково, пренесуваат партиски извори кои тврдат дека ги слушнале „снимките“. Нашите извори велат дека револтот бил предизвикан откако претставници на ДУИ од Липково и од Куманово имале можност да ја слушнат содржината на неколку од снимките. Тие велат дека кај најновите „бомби“, двајца високи раководители на ДУИ се слушаат како се потсмеваат со предложените кадри од разграноците и дека кажуваат неубави зборови и за семејствата на воените херои и инвалиди. Овие извори одбија да ни кажат дали „бомбите“ се објавени на „Фејсбук“ или на „Јутјуб“, но велат дека на големо се слушаат во кумановско-липковскиот регион. Поради оваа причина, на чекор од изборите се очекуваат нови заминувања од ДУИ во Куманово и во Липково.
Во неможност за да ги објавиме новите „бомби“, ви ја прижуваме уште еднаш „бомбата“ број 38.
[Рецензија: „Објавени нови „бомби“ за ДУИ, еве што содржат (Видео)“]
Текстот почнува со невистинит наслов, при што се најавува нешто што не се нуди во текстот. Ова се прави само за да се привлече вниманието на читателот и да се добијат што повеќе кликнувања, но на професионално нечесен начин.
Линк до оригиналниот напис: „Објавени нови „бомби“ за ДУИ, еве што содржат (Видео)”
Датум и време на објавување: 29.11.2016
Датум на рецензирање: 04.12.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Што најавува насловот?
Тоа што го привлекува читателот од насловот е најавата за нови „бомби“, односно нови прислушувани материјали што компромитираат еден политички субјект. Сеќавањата автоматски го носат читателот кај прислушувањата што кренаа многу прашина и кои дури беа причина за основање на Специјално обвинителство што ќе се занимава само со нив, поради материјалите што ги содржат и кои отвараат сомнежи за кривични дела сторени од државните функционери.
Што нуди текстот?
Текстот, освен што е полн со коментари, што е и неговиот најочигледен минус, не се потпира на ниту еден релевантен извор. Користењето анонимен извор во овој случај не создава впечаток на сигурност. Во текстот се спомнува еден многу чувствителен аспект каков што е „споделување на не многу добри зборови за семејствата на воените херои и инвалиди“ во овие нови прислушувања.
Контроверзни тврдења
Содржината почнува со тврдењето дека „на социјалните мрежи се појавиле нови „бомби“ кои предизвикале вистински „земјотрес“ во разграноците на ДУИ во Куманово и во Липково“, но потоа дава до знаење дека авторот не ги слушнал сам прислушувањата, нема сознание дали тие се објавени некаде по социјалните мрежи и не знае со сигурност дали јавноста ги слушнала (без разлика што на почеток тврди дека „земјотрес“ е предизвикан од нив).
„Тие (изворите) велат дека кај најновите „бомби“, двајца високи раководители на ДУИ се слушаат како се потсмеваат со предложените кадри од разграноците и дека кажуваат неубави зборови и за семејствата на воените херои и инвалиди. Овие извори одбија да ни кажат дали „бомбите“ се објавени на „Фејсбук“ или на „Јутјуб“, но велат дека на големо се слушаат во кумановско-липковскиот регион. Поради оваа причина, на чекор од изборите се очекуваат нови заминувања од ДУИ во Куманово и во Липково.
Овој извор, доколку бил сериозен, би му ги обезбедил на медиумот овие прислушувани материјали или барем би му кажал каде може да се најдат истите. Тоа би бил факт и тогаш тој факт би бил вест. Без да се има ни најмалиот доказ за тоа што го вели овој извор (доколку навистина постои), тврдењето не би требало да се земе од страна на професионален новинар. Видеозаписот што се најавува во насловот, всушност е материјал од веќе слушнатите прислушувања.
„Во неможност за да ги објавиме новите „бомби“, ви ја прикажуваме уште еднаш „бомбата“ број 38.“
Прирачникот за етика во новинарството дава упатство за тоа како да се постапува во вакви ситуации кои се однесуваат на членот 1 од Кодексот на новинарите:
-
Доколку новинарот смета дека недокажаната информација е од јавен интерес, тој е обврзан да ја објави, но појаснувајќи дека станува збор за непотврдена информација.
-
Новинарот може да објави нешто за кое нема и толку докази, но за кое има многу индикации дека е вистина, односно нешто за кое постои основано сомнение. Основаното сомнение подразбира презентирање на аргументи што се разумни и се индикација дека нешто е вистина, без да се има конкретни докази за вистинитоста.
Во текстот можеле да се искористат и други форми на верификација на добиената информација, да се барале извори од наведените живеалишта, да се побарал официјален став од субјектот што се спомнува и да му се обезбедела на јавноста информација што не би била тенденциозна, туку сеопфатна и со сигурни факти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови