Интересот на партијата пред интересот на граѓаните
Објавено во Рецензии
on 10 - 08 - 2016 Автор: Александар Писарев
[Рецензија: Груевски во посета на Лисиче во општина Аеродром]
Текстот што го рецензираме го става во преден план интересот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а не јавниот интерес и интересот на граѓаните. Централната тема се поплавените подрачја, меѓу кои и деловите на општината Аеродром, но во текстот нема факти за актуелната ситуација во овој дел од градот, туку акцентот е ставен на посетата на партиско-општинската делегација на овој дел од Скопје и на ветувањата што „партијата-општина“ во таа пригода им ги дала на локалните жители. Притоа, локалните жители и штетите ги нема никаде.
Со тоа е прекршено општото начело на новинарската професија, новинарот во секоја пригода да го штити јавниот интерес и да не го запоставува интересот на граѓаните.
Линк до оригиналниот напис: Груевски во посета на Лисиче во општината Аеродром
Датум и време на објавување: 08.08.2016 18:54
Датум на рецензирање: 09.08.2016
Рецензент: Александар Писарев
ПАРТИСКИ ЗАПИСНИК НАМЕСТО НОВИНАРСКИ ИЗВЕШТАЈ
Веста е кратка и припаѓа на делот од серијата информации поврзани со шетање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, низ поплавените подрачја во придружба на сопартијци или градоначалници од неговата партија.
Додека и домашните и странските медиуми во своите извештаи се обидуват што поилустративно низ текст и низ видеозапис и фотографија да ја прикажат реалната ситуација на теренот и да ја покажат штетата и последиците од поплавите, овде имаме „партиски записник“ илустриран со фотографија, која не е содветна на ситуацијата на теренот ден по поплавата.
Во текстот се лицитира што сѐ е поплавено во скопската населба Лисиче по излевањето на Усјанскиот канал, но нема ниту еден факт што тоа би го потврдил како вистина.
„Поплавени се околу 30-40 куќи околу Усјанскиот канал, цистерни од општината Аеродорм се на терен и им помагат на локалното население за одстранување на последиците од невремето.“
Точно е дека Усјанскиот канал можел да направи проблеми, можеби навистина се поплавени 30-40 куќи и можеби навистина на терен се десет тима од Општината и нивните цистерни, но ние тоа ни со збор ни со слика не го гледаме во текстот и кај читателот може да се јави сомнеж во вистинитост на напишаното. Нема изјави од жителите, нема фотографии од настраданото подрачје во овој дел од градот, никаде не ги гледаме цистерните и тимовите што им помагат на унесреќените граѓани.
РАПОРТ ПРЕД ПАРТИСКИОТ ШЕФ НАМЕСТО ПРЕД ГРАЃАНИТЕ
На фотографијата се гледаат Ивица Конески, градоначалникот на Аеродром, Никола Груевски, претседателот на партијата ВМРО- ДПМНЕ, и нивната придружба, како шетаат по чиста асфалтирана улица, без траги од кал, со неоштетено зеленило од страна, во чисти, неизвалкани чевли, од што може да се заклучи дека таму и нема штета од поплава.
Содржината на текстот е посветена на маргинална вест од настанот, на посетата на политичарите и на рапортот што градоначалникот му го поднел на партискиот шеф.
„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски попладнево беше во посета на настраданите. Од градоначалник на општина Аеродром, во чија надлежност спаѓа населбата Лисиче, Ивица Конески беше информиран дека десет тима од општината излегле на терен и веќе извршиле проценка на штетите. Цистерни ангажирани од општина Аеродром се на терен и им помагаат на локалното население за одстранување на последиците од невремето“.
Со ваква несодржинска и со факти непотврдена информација, граѓаните имат право да се посомневат во вистинитоста на напишаното.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови