Интересна истражувачка сторија
Објавено во Рецензии
on 3 - 03 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено)]
Сторијата „Државно земјиште поделено на функционери“ третира актуелна тема, која произлезе од прес-конференциите на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски. Тој повеќепати обелодени како земјоделските субвенции и државните земјишта биле доделувани на функционери и на луѓе блиски до власта. Пристапот со кој е обработена оваа тема е поинаков од тоа што сме навикнале да го гледаме и да го читаме. Наместо само „голо“ пренесување на прес-конференцијата, текстот темелно ја обработува цела приказна која е поткрепена со документи, изјави, соопштенија…
Линк до оригиналниот напис: СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено)
Датум и време на објавување: 01.03.2016
Датум на рецензија: 02.03.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ОД СИТЕ АГЛИ
На читателската публика ѝ е претставено истражување за доделување на државно земјшите во Вевчани. Меѓу личностите што се споменуваат во оваа сторија е и Сања Угриноска-Спасеноска, вработена во кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и сопруга на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Александар Спасеноски.
„Откако веќе еднаш земјиштето е доделено под закуп на Митре Алулоски, Министерството за земјоделие истото го дава на фирмата „Атриум“, сопственост на братот на Крсто Мукоски, Бобан и на неговиот татко. Дел од парцелите зема и вујкото на Крсто Мукоски, Ѓорѓи Угриноски преку фирмата „Виа Винарија“ од Вевчани. Како сопственик во ова фирма се јавува и Сања Угриноска Спасеноска, вработена во кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и сопруга на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Александар Спасеноски.“
Написот го третира проблемот со земјоделските субвенции од сите аспекти и со вклучување на сите инволвирани страни.
„Даниел Мурџески е вработен во канцеларијата на Министерството за земјоделие во Вевчани, формирана во време кога се распределува земјиштето. Карактеристично за ова канцеларија е што таа е единствената подрачна единица на Министерството за земјоделство, што е отворена да пкрива само едно село во кое има не повеќе од 500 хектари земјиште. Како за пример ќе ја издвоиме Општина Лозово која има 20 пати повеќе земја од Вевчани, а нема подрачна канцеларија. Ист е случајот и со Чешиново-Облешево.“
Дека се работи за професионален пристап, говори и тоа што во написот дополнително е вклучена реакцијата на пратеникот Крсто Мукоски на објавениот текст. Неговата реакција е во целост и коректно пренесена без да се коментира, а во насловот е ставена назнака „обновено“, што веднаш укажува на тоа дека има некаква промена во текстот.
Инаку, треба да се спомене дека од Мукоски бил побаран став уште при пишувањето на оваа статија, но тој тогаш не одговорил:
„За изјава го побаравме и пратеникот Мукоски, но тој не се одзва на поканата да разговара со нас за земјиштето.“
Сторијата има одговорен новинарски пристап, документирана е со многу конкретни факти и поткрепена со стручни мислења, табели, принт-скринови од договори, фотографии од земјиштето и со линкови. Материјалот е читлив, има добар приод и содржина и заслужува позитивна оцена. Во него се испочитувани професионалните стандарди кои произлегуваат од Кодексот на новинарите и претставува убав пример за тоа како треба да се информира за прашања од јавен интерес.
Имаме квалитетно сработен текст кој успева да ја долови сликата за доделувањето на државното земјиште од сите агли. Јавноста секогаш има право да ја знае вистината.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови