verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Интелигенцијата“ на еден пратеник не ја одредува новинарот во веста

on 12 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #184 - 'Sa e mençur Kaltrina Azizi_ Njëherë u përkul te “branitellat”, tani te dëshmorët!' - fax_al_read_news_3691247_11673040

Напис: „Паметната Калтрина Азизи: Прво се поклони кај „бранителите“, сега кај паднатите борци!“

Поранешната пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи, денеска оддаде почит кај гробиштата на загинатите борци на ОНА. Таа, меѓу другото, на својот фејсбук-профил напишала дека хероите на ОНА ќе ја имаат најголемата можна почит што се пожртвуваа за татковината.

„Денеска, на овој значаен ден, 5 мај, понизно се присетуваме на пожртвуваноста на сите паднати борци за татковината. И додека зборуваме, размислуваме уште колку работа ни е преостаната за да го исполниме нивниот завет. Слава, на народните херои, нивното име и нивното дело“, напишала Азизи.

Ако се прашувате, таа е истата онаа Калтрина Азизи, која пред две години се поклони пред споменикот на „бранителите“ Македонци, иако е од село Матејче, што беше разурнато во 2001 година. Ако ја сменила фризурата, да не мисли дека го имаме заборавено нејзиното поклонување кај „бранителите“. Дури и ви даваме видеозапис од поклонувањето на оваа пратеничка заедно со многу другари од редовите на ДУИ кај споменикот на бранителите, но и фотографии од село Матејче разурнато во 2001 година.

 

[Рецензија: Паметната Калтрина Азизи: Прво се поклони кај „бранителите“, сега кај паднатите борци!]

Политичката активност на еден пратеник или пратеничка може да се анализира или критикува на многу начини, но не и преку проценувње на неговата, односно нејзината „интелигенција“ во информативната содржина, што не е улога на новинарот и особено не споредувањето на две активности што, наспроти убедувањата дека тие може да бидат контрадикторни, немаат некоја основа што е поврзана директно ниту со интелигенцијата, а ниту со успехот на политичкиот мандат на некого.

[Recension: Sa e mençur Kaltrina Azizi: Njëherë u përkul te “branitellat”, tani te dëshmorët!]Линк до оригиналниот напис: Паметната Калтрина Азизи: Прво се поклони кај „бранителите“, сега кај паднатите борци!!

Датум и време на објавување: 05.05.2016

Датум на рецензирање: 09.05.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Без да се навлезе во гревовите на некоја политичка партија, во новинарство не може да се земе секоја индикација за да се суди врз една политичка фигура воопшто. Во овој случај, доколку поранешната пратеничката на ДУИ, Калтрина Азизи, учествувала во некој настан за да се оддаде почит кај гробиштата на паднатите борци на ОНА, нема зошто овој настан да се поврзе со нејзиното учество во оддавењето почит на паднатите од редовите на македонските вооружени сили, инаку познати како „бранители“. Една пратеничка има право, во одредени случаи и обврска, да учествува секаде, бидејќи нејзината функција, на некој начин, ја обврзува неа да биде присутна таму каде историјата не секогаш била убава за двете најголеми заедници во земјава. Освен ова, доколку веќе сака да го анализира ова прашање, новинарот мора да земе изјава и од субјектот што го спомнува во содржината.

Ако селото Матејче било разурнато во војната на 2001 година, тоа се случило затоа што во војна не се гаѓа со бомбони. За овие активности одговара тој што ги предизвикал тие разурнувања, додека критиките со проценувања и со такви поврзувања можеби и можат да се „проголтаат“ во рубриката за коментари и за мислења, но никако во вестите.

Од професионален аспект, според правилата на пишување вести, коментарите од овој вид не се дозволени. Во Етичкиот кодекс на новинарите пишува:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, веста и коментарот.

Сме кажале многупати досега дека мисијата на медиумот не е да се симне или да се донесе некоја нова власт. Нормално е дека медиумите критикуваат, но не се главни фактори во оваа точка и немаат зошто да се впуштат во оваа трка. Мисијата на медиумите, поточно на новинарството е сензибилизација и информирање на јавноста. Ова може да се направи тогаш кога новинарските жанрови ќе може да се разликуваат од јавноста, а не, на пример, кога коментарите се камуфлираат како вести.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, полова дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови