Информирањето за избори е сериозен чин
Објавено во Рецензии
on 8 - 04 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни]
Треба да се отворат четири очи кога се известува, особено за битни и деликатни работи на политичката сцена во Македонија, дури и кога станува збор за медиум насочен кон македонската заедница во Австралија. Не е за занемарување фактот дека дијаспората има право на глас и вестите за изборите се многу битни за нив и за нивно информирање.
Линк до оригиналниот напис: СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни
Датум и време на објавување: 07.04.2016, 00:25
Датум на рецензирање: 08.04.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА
Веднаш мора да се каже дека насловот е невистинит: „СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни“ (насловот е преземен без потребните лекторски корекции)
Имено, не е вистина дека нема да има избори и дека поради тоа СДСМ прославува на улиците. Вистинате е дека, како што сега стојат работите, избори ќе има, но на нив нема да учествува СДСМ. Така изјави лидерот на опозициската партија, Зоран Заев. Тоа е сосема различно од тоа дека ќе нема избори на 5 јуни.
Текстот, пак, ако се земе во целина, е коректен, но не е содржаен. Има само нафрлано работи кои, за волја на вистината, се точни, но нема поширока опфатност за моментот поради кој е дојдено до состојбата што се опишува. Секако, поради физиономијата на овие два клучни дела на статијата, може да се заклучи дека насловот, како целосно несовпадлив со текстот, е „зготвен“ за да привлече кликнувања од корисници на социјалните мрежи и на некои агрегатори на вести.
Имено, нема информација дека Собранието се распушти и во каква атмосфера тоа се одвиваше, иако има линк од прес-конференцијата на Заев.
Написот заборава да спомене дека истата вечер по улиците излегоа и членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Во интерес на вистината, а и поради коректност, тоа би требало да го има во текстот.
Инаку, написот изгледа како да е правен набрзина, колку да се има нешто. Сепак, новинарството не признава брзоплетост и несмасност. За да може да зборуваме за професионален текст, информацијата треба да се провери пред да се објави. Тоа, впрочем, го сугерира и член 1 од Кодексот на новинари.
Вака, наместо информација, пласирана е дезинформација, со која погрешно се информираат Македонците што живеат во Австралија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни, нерелевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

