Информативен и сеопфатен текст
Објавено во Рецензии
on 20 - 02 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје]
Овој текст заслужува позитивна рецензија бидејќи е напишан според сите новинарски стандарди. Написот е информативен и професионално сработен, користени се повеќе извори што укажува дека се имало сеопфатен пристап.
Линк до оригиналниот напис: Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје
Датум и време на објавување: 14.02.2017
Датум на рецензирање: 17.02.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРИСТАП
Во време кога сè почесто се сретнуваме со пропагандистички написи, професионално изработени текстови се вистинска реткост. Еден таков коректно сработен материјал е написот што го рецензираме. Текстот во воведот ја содржи веста која подолу ја обработува, а тоа е дека „голема хаварија настанала во Скопје кога при изведување градежни работи била оштетена гасоводна цевка во близина на мостот Близнак“.
Веднаш потоа е дадено објаснување зошто оваа вест е интересна за јавноста.
„За среќа, беше избегната голема трагедија. Сведоци на случката тврдат дека од ослободениот гас можело да настане хаварија од немерени размери, бидејќи само едно догорче можело да го крене во воздух целиот тој индустриски дел на главниот град“.
Тука најпрво ги има изјавите на сведоците кои се спомнуваат во текстот, а кои се главниот извор на информацијата. Тие објаснуваат што точно се случило за читателот да има појасна слика.
„Со вертикална бушилица вршеа ископини за отпорност на темели и при тие зафати некаде напладне ја оштетија главната гасоводна цевка на ГАМА. Целиот тој реон веднаш беше затворен, беа повикани претставници на ГАМА, а полицијата го блокираше местото и никому не беше дозволен пристап, велат очевидци“.
Откако ја имаме веста и нејзиниот извор, подолу во написот таа е проверена од повеќе страни, бидејќи и самиот Кодекс на новинари тоа го пропишува уште во првиот член.
„Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје. Штетата настана поради невнимание на изведувачот на градежни зафати, фирмата ’Жикол‘. Оваа фирма неовластено влезе да гради на земјиште кое е имот на фирмата ’Конопој кај чичо‘ ДОЕЛ. И изведува градежни активности без никаква најава и на туѓ плац“, вели Јован Јовановски, адвокат и полномошник на фирмата „Конопој кај чичо“ ДОЕЛ“.
Од изјавата на Јовановски произлегува дека фирмата „Жикол“, која била изведувач на градежните зафати, неовластено влегла на имот на друга фирма. Ваквото тврдење и обвинување е проверено на неколку места. Во текстот има изјава од општината на чија територија настанал проблемот, а има изјава и од АД ГАМА. Во текстот недостига ставот на фирмата „Жикол“, но јасно е наведено дека „од Жикол вчера беа недостапни за каков било коментар во врска со незгодата што ја предизвикаа при изведбата на градежните зафати“.
Сè на сè, текстот е убаво напишан, информативен и сеопфатен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови