Информација завиткана во сјајна шарена хартија
Објавено во Рецензии
on 3 - 02 - 2017 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Пратеници од ВМРО ДПМНЕ го молат Заев да направи влада!]
Интегритетот на новинарот е најсветото нешто што треба да го чува и да го негува медиумскиот професионалец. Во таа смисла, за да го одржи тоа, неопходни се само неколку правила, чие практикување нема да дозволи одговорниот новинар да си ја загрози професионалната чест.
Искушенија има многу.
Едно од најважните правила е автентичноста и веродостојноста на изворите на кои се повикува авторот на медиумски содржини. Доколку некој направи компромис околу овој принцип, се доведува во прашања сериозно да си го наруши сопствениот углед. Има една изрека во новинарскиот свет која вели „ Ако мајка ти вели дека те сака, провери!“ Оваа „ектремна“ илустрација сака да ни каже дека медиумските професионалци секогаш ќе бидат скептични кога некој ќе им сервира информации завиткани во сјајна шарена хартија.
Линк до оригиналниот напис: Пратеници од ВМРО ДПМНЕ го молат Заев да направи влада!
Датум и време на објавување: 30.01.2017
Датум на рецензирање: 03.02.2017
Рецензент: Зоран Бојаровски
„БОНБОНА-ИНФОРМАЦИИ“
До новинарите секогаш доаѓаат такви „бомбона-информации“, завиткани во светликава амбалажа. Правило е дека не треба веднаш да се проголтаат, а уште помалку да ѝ се понудат и на публиката. Зашто во таков случај и новинарот учествува во ширење лажни информации.
„Пратеници од ВМРО ДПМНЕ го молат Заев да направи влада!“ е една таква бомбона. Она што морало да биде направено пред да им се понуди на читателите, е да се провери изворот. Неговата веродостојност. Во случајот на новинарскиот текст што го рецензираме, формулацијата „Во јавноста која знае за дописот…“, како идентификација на изворот, воопшто не е доволна. Ниту, пак, е пристојна аргументација на веродостојноста на изворот, а со тоа и на главната поента на овој текст, дека постои допис до лидерот на СДСМ, во кој група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат од него да состави влада и дека, како пратеници, му ја даваат целосната поддршка.
За оваа „слатка“ информација нема ниту еден елемент кој ќе ја лоцира нејзината автентичност. Препораките за новинарите велат дека кога пренесуваме информација од анонимен извор, настојуваме што поблиску да го лоцираме изворот на информациите.
Погрешно лоцирање на изворот или измислување на изворот за да се презентираат неточни, нецелосни и недоволно проверени информации се смета за грубо кршење на новинарските стандарди (Прирачник за етика во новинарството).
Новинарот секогаш треба да биде критичен кон изворот и да ги провери доставените информации. Тоа треба да биде видливо во објавениот новинарски текст. Кога се користат анонимни извори или кога на новинарот му се нудат ексклузивни информации, треба внимателно да се проверат мотивите на доставувачот на информацијата, особено кога станува збор за теми од политиката.
Ако тоа не се направи, тогаш и новинарот, можеби без да знае, станува соучесник во подметнувањето и го доведува во судир со членот 14 од Кодексот на новинарите кој инсистира дека известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано, со задолжителна професионална дистанца од политичките субјекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
релевантни, нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови