verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Информација и шпекулација не е исто

on 1 - 11 - 2015       

ФОТО-Раководството-на-СДСМ-со-пушки-во-четнички-покрет-zurnal-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Раководството на СДСМ со пушки во четнички покрет]

 

Текстот кој е предмет на оваа рецензија е крајно тенденциозен, несериозен и надвор од сите професионални новинарски стандарди.

ФОТО Раководството на СДСМ со пушки во четнички покрет zurnal.netЛинкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Раководството на СДСМ со пушки во четнички покрет

Датум и време на објавување: 26.10.2015

Датум на рецензирање: 27.10.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Уште во насловот на написот се гледа обидот на авторот да го оцрни раководството на СДСМ, најавувајќи фотографии од раководните луѓе на партијата како „држат пушки во рацете и тргнале во четнички поход“.

Кога се најавува дека станува збор за раководство на партија, се мисли на луѓето од првиот ешалон на партијата, како лидер, заменици-претседатели, генерален секретар и слично. Според тоа, логички е читателот, кога ќе го прочита насловот на текстот, да помисли дека станува збор за некои од првите луѓе на СДСМ.

Но, кога ќе го отвори текстот и ќе ја види фотографијата, сфаќа дека истата нема врска со раководството на СДСМ. Имено, на фотографијата е непознат човек, кој држи пушка во рацете и е облечен во униформа за која авторот тврди дека е четничка, иако ваквото негово тврдење не е поткрепено со ништо конкретно.

„Претседателот на огранокот на СДСМ во Логоварди, Битола е сликан во српска војничка униформа со снајпер во рацете и шајкача на глава.“

Од првата реченица, сфаќате дека претседателот на СДСМ во Логовради бил, всушност, раководството на СДСМ спомнато во насловот. Но, и овој детаљ е спорен.

Имено, авторот на овој тенденциозен и политички мотивиран напис, заборавил да го напише името на човекот за кој пишува и за кој тврди дека е на фотографијата. Според тоа, може да се заклучи дека на фотографијата може да е кој било.

„До редакцијата на Журнал.нет, пристигна фотографијата и информација дека раководството на СДСМ во алкохолизирана состојба пеело четнички песни за „Краља и отаџбину“ облечени во српска војничка униформа со шајкачи и пушки.“

Она што недостига тука е вториот дел од приказната. Професионално е новинарот да кренал слушалка и да се обидел да стапи во контакт со лицето за кое пишува и да го праша дали тоа навистина било така, односно да ја провери информацијата што допрела до него.

„Анти-македонските ставови и однесување на опозицијата се јавно познати, а со војничката униформа, огненото оружје и шајкачата СДСМ се идентификува со четничкото движење во Србија.“

Ова е едно сериозно обвинување, во случајов без никаква основа, што само говори за тоа дека овој напис повеќе наликува на политичко соопштение, отколку на новинарски текст.

Факт е дека новинарите секојдневно добиваат различни информации, но таквите информации треба да се проверат колку што е тоа можно, а не само да се објавуваат за да се оцрни некоја партија или личност.

Ова јасно е наведено во членот 1 од Кодексот на новинари, во кој се вели:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Информацијата, ако е непроверена, не е информација, туку шпекулација, во случајов, преточена во манипулација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови