Има ли тука вест?!
Објавено во Рецензии
on 12 - 02 - 2016 Автор: Adrian KerimiНапис: Студент: Билал Касами бил и е до граѓаните за секој нивен проблем
„Д-р. проф. Билал Касами секогаш бил покрај оние на кои навистина им служи. И како професор секогаш беше рамо до рамо со студентите во секоја преземена иницијатива, секогаш беше покрај нас кога имавме потреба за совети и никогаш не се двоумеше да нè насочи на правиот пат. Професорот Билал Касами, како на времето кога беше професор, така и како иден лидер на Албанците во Македонија, убеден сум дека нема да се двоуми да биде блиску до граѓаните за секој нивни проблем, нема да штеди ништо за да направи ние Албанците во Македонија, да излеземе од овој долгогодишен мрак и за да видиме и ние некој светол ден во нашата драга тактовина“, пишува студентот Блерим Хајдари.
[Рецензија: Студент: Билал Касами бил и е до граѓаните за секој нивен проблем]
Сè и сешто не може да биде основа за вест! Новинарска одговорност е на јавноста да ѝ се понудат важни и актуелни вести. Ова не значи дека гледната точка на секој поединец може да стане вест. Ако овој напис се нарекува вест, каква корист има јавноста од ова?! Мислењето на еден студент не го засега никого. Овде станува збор за типична пропаганда, нешто што не е задача на новинарот.
Линк до оригиналниот напис: „Студент: Билал Касами бил и е до граѓаните за секој нивен проблем”.
Датум и време на објавување: 04.02.2016
Датум на рецензирање: 06.02.2016
Рецензент: Адриан Керими
Веста што ја рецензираме, во целост е промоција и пропаганда. Еден став на еден студент земен од неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ е претворен во вест. Каде е професионализмот тука? Текстот е полн со позитивни и со високи процени за една политичка фигура. Иако тој се фали како професор, јасно е дека целта е да се создаде позитивно мислење за него во јавноста. Една процена од една личност нема никаква вредност за еден новинар, освен во случаи кога има обвиненија или пријави, кои пред да се печатат, треба да се потврдат. Во овој случај, нема ниту трошка јавен интерес.
„Д-р. проф. Билал Касами секогаш бил покрај оние на кои навистина им служи. И како професор секогаш беше рамо до рамо со студентите во секоја преземена иницијатива, секогаш беше покрај нас кога имавме потреба за совети и никогаш не се двоумеше за да нè насочи на правиот пат. Професорот Билал Касами, како на времето кога беше професор, така и како иден лидер на Албанците во Македонија, убеден сум дека нема да се двоуми да биде блиску до граѓаните за секој нивен проблем… пишува студентот Блерим Хајдари.“
Доколку авторот сакал да му ја „свари чорбата“ на овој субјект, ќе беше малку покоректен доколку собереше малку повеќе ставови како тој на студентот, но секогаш внимателно! Проценувајќи го како професор, а не како политички лидер.
Со еден единствен став, написот не сакајќи припаѓа во категоријата на промоција и врз основа на Етичкиот кодекс на новинарите, авторот знае добро дека не смее да го употреби неговиот пристап до медиумите за промотивни цели.
Целта на новинарската професија е информирање, а не пропаганда за подобрување или уривање на јавниот имиџ на еден лидер, субјект или организација. Објективното информирање налага употреба на извори и тие треба да бидат релевантни.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
Можеби
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови