verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Иконите „плачат“ или се прават сензации?

on 5 - 01 - 2017       

plus-info

[Рецензија: Се повтори чудото во Трубарево, солзи од иконата на Богородица]

 

Опис на чудо или подлегнување на сензационализам според принципот на помал отпор? Ова е дилемата што се наметнува на прв поглед кога ќе се прочита написот што го рецензираме. Се работи за релативно познат тип на сензационалистички написи, кој зачестено се повторува последниве десетина години, а тоа се религиски чуда од разни видови. Притоа, доминираат таканаречените чудотворни икони, кои носат среќа, лекуваат болести, се чистат самите или лачат непозната течност, која православната црква ја нарекува „миро“, како што е во случајот што се опишува во овој текст.

Рецензија: Иконите плачат, медиумите „бркаат“ сензацииЛинк до оригиналниот напис: Се повтори чудото во Трубарево, солзи од иконата на Богородица

Датум и време на објавување: 2.01.2017

Датум на рецензирање: 05.01.2017

Рецензент: Југослава Дуковска

 

 

За таканареченото „чудо“ во црквата во скопско Трубарево, медиумите пишуваат вторпат во последнава година. И сега, како и во април 2016 година, на една од црковните икони, онаа на Пресвета Богородица, биле забележани капки од непозната течност, за кои не е потврдено од каде потекнуваат. Доколку еден објективен медиум реши да известува за оваа, во најмала рака, контроверзна тема, се очекува тој да има критичка дистанца во известувањето, која ќе подразбира консултирање на релевантни извори, па и користење на неутрална терминологија барем додека стручни лица не се изјаснат за што станува збор.

 

ПРОМОЦИЈА НА ВЕРСКИ СОДРЖИНИ ИЛИ ОБЈЕКТИВНО ИНФОРМИРАЊЕ?

Во овој напис отсуствува критичката дистанца и тој речиси буквално го пренесува пишувањето на порталот со верска содржина „Религија“ за овој настан. И, додека за спомнатиот портал користењето верски изрази и толкувања не е невообичаено ниту проблематично поради јасно назначената жанровска припадност (промоција на верски содржини), медиумот што го пренесува таква определба не декларирал.

„Верниците во црквата во Трубарево, кои утрово биле на утринската молитва останале биле воодушевени што иконата повторно почнала да мироточи, но овој пат со поголем интензитет“.

Во текстот што го рецензираме, само е преземена оригиналната вест и не е обезбедена изјава од компетентно лице. Доколку, пак, е направен таков обид, требало да се каже дека изјавата е побарана и не е добиена (и од која причина).

„Мироточење“, имено, е верски израз, кој опишува појава во која црковна икона, фреска, статуа (во католицизмот) испушта непозната течност налик на солзи (иако имало случаи на крваво мироточење) и оваа појава црковните претставници секаде низ светот ја опишуваат како божји знак и божје чудо, некаде е докажана измама, но најчесто остануваат недефинирани од аспект на науката, која најчесто се воздржува од давање објаснувања.

Понатаму, во написот се вели:

„Иконата на Пресвета Богородица во Трубарево мироточеше околу два месеца, по што процесот прекинал“.

Повторно настанот се опишува со верска терминологија, не заземајќи ја потребната дистанца. Само за илустрација, за ист ваков настан, во истата црква и за истата икона, истиот медиум пишуваше и во април 2016 г., но тогаш објективната дистанца во описот беше зачувана, а користењето верска терминологија избегнато.

Се стекнува впечаток дека овојпат едноставно е пренсена веста без да се обработи на начин што му доликува на еден информативен материјал – со неутрален, објективен пристап и со критичка дистанца кон темите за кои пишува.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови