И сватот на Јанева во спинерска манџа
Објавено во Рецензии
on 20 - 04 - 2016 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: Катица Јанева се посвати со висок функционер на СДСМ (ФОТО)]
Написот е тенденциозен и во обландирана форма го наметнува ставот дека специјалната обвинителка е партиски обоена, обидувајќи се да фрли сенка врз нејзиниот професионален углед. Тој e објавен во сосема несоодветна категорија вести – „Македонија“.
Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева се посвати со висок функционер на СДСМ (ФОТО)
Датум и време на објавување: 7.12. 2015, 15:26
Датум на рецензирање: 19.04.2016
Рецензент: Димитар Тануров
СПИНУВАНА ПРИВАТНОСТ
„Ќерката на Катица Јанева се омажи за син на висок функционер на СДСМ. Како што дознава ТВ НОВА, Емилија Јанева, ќерката на специјалната јавна обвинителка, пред неколку дена стапила во брак со Петар Поцков, синот на Сашо Поцков, кој од септември 2013 година е на функцијата Претседател на Општински Округ СДСМ Гевгелија, откако претходно беше носител на Советничка листа на СДСМ на локалните избори во 2009 година.“
Текстот пренесува информации од семејниот живот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Вакви текстови, од семејни прослави на познати личности, објавуваат и познатите светски медиуми и портали. Но, тие секогаш се пласираат во соодветна категорија, како што е „живот“ или „забава“. Покрај тоа, во ваквите текстови, приказната е фокусирана на младоженците, а нивните родители се во втор план. Наспроти ваквата новинарска практика, овој текст не само што е објавен во категоријата „Македонија“, туку има и тенденциозен наслов, кој акцентот го става на јавната обвинителка, алудирајќи на нејзината, наводна, блискост со СДСМ.
Написот се занимава со семејната лоза на зетот, нагласувајќи ја партиската припадност и функциите на сватот на Јанева (таткото на зетот). Со истакнувањето на неговата позиција во општинската организација на СДСМ, како и на неговиот поранешен ангажман во локалната самоуправа, јасно се асоцира дека обвинителката може да биде пристрасна во својата работа. За професионалниот ангажман на Јанева, пак, сосема е неважно што работи нејзиниот сват и каква е неговата партиска припадност!
По изнесувањето на партиската биографија на таткото на зетот, се редат фотографии од свадбата со назнака дека се објавени во албум насловен „Невестата сега е дел од нашата фамилија“, што прозвучува како невестата да станала дел од семејството на СДСМ.
Видливо е дека вака обработената информација има идеја да ги наруши интегритетот и дигнитетот на специјалната обвинителка, што е спротивно на професионалните и на етичките стандарди во новинарството, кои налагаат почитување на приватноста. Новинарските правила, исто така, не дозволуваат објавување фотографии без дозвола и со прекршување на авторските права.
Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. ( Кодекс на новинарите, член 7)
Написот е уште еден од серијата спинерски текстови што во изминатиот период беа пласирани за дискредитација на специјалната јавна обвинителка.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови