И снегот (зло)употребен во политички цели
Објавено во Рецензии
on 12 - 01 - 2017 Автор: Југослава Дуковска[Рецензија: Хаос во Куманово, снегот го парализира градот (ФОТО)]
Дали веста што ја рецензираме информира, дезинформира или оцрнува? Одговорот на ова прашање ќе се добие доколку се анализира содржината и фотографиите што ја дополнуваат. Се работи за таканаречена „фото-вест“, односно информација која појаснува фотографија од местото на случувањето, поточно од неименувана улица во Куманово, прекриена со снег, за време на неодамнешниот студен бран што ја зафати Македонија кусо по новогодишните празници.
Линк до оригиналниот напис: Хаос во Куманово, снегот го парализира градот (ФОТО)
Датум и време на објавување: 6.01.2017
Датум на рецензирање: 10.01.2017
Рецензент: Југослава Дуковска
Според расположливите информации од медиумите, Куманово со денови беше еден од најстудените градови во Македонија. Дополнително, се информираше за тоа дека улиците и тротоарите низ градот не се исчистени, па повеќе жители на овој град во северниот дел на земјава се повредиле паѓајќи на подмрзнатите улици. Според тоа, главата на веста, нејзиниот ударен информативен дел е точен:
„Комуналните служби на Куманово не излегоа на улиците како во другите поголеми градови. Најзагадениот град во државава е парализиран, зашто градските власти очигледно биле затечен од најавеното невреме“.
ПРЕТЕНЦИОЗНОСТ
Но, потоа следува следново:
„Наши читатели ни ги испратија фотогафиите на кои се гледа дека кумановци нема да имаат можност оваа година да се подготват за Бадник и Божик, зашто општинската власт на СДСМ не им обезбеди основни услови за живот“.
Со овој коментар, всушност, се проследени фотографиите на кои се гледа празна помала уличка со само едно паркирано возило и еден човек во движење, прекриена со неисчистен снег од неколку сантиметри, сликана од неколку различни агли. Меѓутоа, звучи, во најмала рака, претенциозно тврдењето дека од овие фотографии воопшто може да се согледа состојбата со неисчистените улици во Куманово, бидејќи тие не ја даваат вистинската слика за состојбата, односно не информираат за тоа каква е состојбата со главните, фреквентни сообраќајници, кои треба да имаат приоритет во расчистувањето.
Локалната самоуправа во Куманово ја прозваа и други медиуми за лошата состојба во градот и за ненавремен ангажман околу расчистувањето на снегот од градските улици, но тоа го сторија документирајќи ја состојбата со фотографии и со снимки од главните сообраќајници, како и со податоци од кумановската болница за бројот на повредените граѓани.
ПАРТИСКАТА ПРИПАДНОСТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, ПОВАЖНА ОД ВЕСТА
Поради тоа, од приложените фотографии не може да се види ништо, а најмалку тоа дека „кумановци нема да имаат можност оваа година да се подготват за Бадник и Божик, зашто општинската власт на СДСМ не им обезбеди основни услови за живот“. Патем, целата реченица е без смисла, бидејќи звучи неверојатно дека кумановци комплетно ќе се откажеле од подготовките за божиќните празници поради неколкуте сантиметри снег на улиците, а истакнувањето на податокот дека за тоа е виновна „општинската власт на СДСМ“, само укажува на политички пристрасното коментирање во насока на оцрнување на конкретна политичка партија, бидејќи за целовитоста на информацијата во овој момент не е важно на која партија ѝ припаѓа градоначалникот на Куманово, туку како тој работи во полза на граѓаните.
И покрај тоа што критиките упатени кон општинските власти во Куманово се покажаа објективни, веста што беше предмет на оваа рецензија покажа висок степен на необјективност и на политичка обоеност во пристапот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
има и точни и неточни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови