И коментарот и иронијата подлежат на новинарски стандарди
Објавено во Рецензии
on 2 - 11 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Дали има 15 илјади „активисти“ на ДУИ, по сите неуспеси на кланот од Зајас?
„15.000 активисти се сосема подготвени да ги следат насоките и препораките на централниот изборен штаб и на лидерот Али Ахмети“, нагласи шефот на изборниот штаб, Беким Незири, за време на откривањето на планот за почнување на предизборната кампања, пренесува „Факте“. Незири истакна дека „судирот меѓу македонските субјекти покажува дека ДУИ води европска политика и тие ќе продолжат во таа насока.
Но, дали навистина има 15.000 Албанци што имаат толкава мака да ги слушаат наредбите на Беким Незири и на кланот од Зајас, по сите неуспеси на оваа партија?!
Афери, скандали, корупција, организиран криминал, злоупотреба на власта, послушност кон македонскиот партнер, продажба на националната кауза, осиромашување на Албанците, нивно масовно протерување од земјава, понижување, непочитување, тероризирање, монтирања, убиства, доживотни робии…
Албанците во Македонија денес се во помизерна состојба од кога било порано, но дали е толку лошо што се обврзани да се подредуваат по наредбите на Беким Незири и на кланот од Зајас?!
Денес Албанците носат одлука дали ќе ја продаваат својата и иднината на нивните деца за дневен интерес, дозволувајќи на овој начин неколку поединци да продолжат да се збогатуваат со нашите пари, истовремено убивајќи ни ја слободата. ФАКТЕ.нет
[Рецензија: „Дали има 15 илјади „активисти“ на ДУИ, по сите неуспеси на кланот од Зајас?“]
Овој напис спаѓа во категоријата текстови чија цел не е информирање на јавноста на објективен и балансиран начин, туку дискредитација на еден субјект, со лични и со субјективни проценки од самиот автор.
Линк до оригиналниот напис: „Дали има 15 илјади „активисти“ на ДУИ, по сите неуспеси на кланот од Зајас?“
Датум и време на објавување: 24.10.2016
Датум на рецензирање: 27.10.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Пред неколку денови, за време на првите активности на активистите на ДУИ околу изборниот процес, шефот на штабот Беким Незири ја даде оваа изјава:
„15.000 активисти се сосема подготвени да ги следат насоките и препораките на централниот изборен штаб и лидерот Али Ахмети“, нагласи шефот на изборниот штаб, Беким Незири, за време на откривањето на планот за почнување на предизборната кампања, пренесува „Факте“. Незири истакна дека судирот меѓу македонските субјекти покажува дека ДУИ води европска политика и тие ќе продолжат во таа насока.“
Изјавата на Беким Незири не е земена како цела и е третирана од друг агол. Ова е прифатливо. Но, не е прифатливо да даваш свои заклучоци и мислења како новинар во информативна содржина, без барем да се праша споменатиот субјект дали навистина е така. Исто така, не е прифатливо новинарот да ѝ даде на изјавата друга конотација или контекст, искривувајќи ја истата.
„Но, дали навистина има 15.000 Албанци што имаат толкава мака да ги слушаат наредбите на Беким Незири и на кланот од Зајас, по сите неуспеси на оваа партија?!
Афери, скандали, корупција, организиран криминал, злоупотреба на власта, послушност кон македонскиот партнер, продажба на националната кауза, осиромашување на Албанците, нивно масовно протерување од земјава, понижување, непочитување, тероризирање, монтирања, убиства, доживотни робии…“
Во текстот се тврди дека Албанците не треба да го продадат својот глас. Оставајќи, притоа да се сфати дека ова е направено порано, но не се кажува кога, каде и како се констатирало ова. Потоа, се продолжува со тврдењата дека „Албанците во Македонија денес се во помизерна состојба од кога било порано…“ а „некои поединци продолжуваат да се збогатуваат со нашите пари, истовремено убивајќи ни ја слободата“.
Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што е можно повеќе извори, најмалку од два независни извори.
Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“, односно да им даде можност на двете засегнати страни во новинарскиот производ да го изразат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот отвора сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика.
Обврска на новинарот е да се стави на страна на јавноста, населението и на нивните интереси. Да спречи злоупотреби и прекршувања на нивните права, информирајќи јавно за нив и обврзувајќи ги „злосторниците“ да приложуваат сметка пред јавноста. Но, ова не е толку лесно. Треба да се направат истражувања, треба да се изнесат на виделина злоупотребите со факти, со цитирања на експерти од областа и барајќи сметка и од лицето или субјектот, на кое се однесуваат обвиненијата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови