Хомофобија маскирана како новинарство
Објавено во Рецензии
on 10 - 02 - 2017 Автор: Agron Vrangalla
Напис: Членот на ЛГБТ-заедницата од Тетово – Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас
Единствениот член Aлбанец од Тетово на здружението на хомосексуалците, провоцирал со еден статус во кој што вели: „Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас“.
Хомосексуалноста не е предвидена со законите на Македонија и се појавува како една вознемирувачка појава, но има организации и лица кои на разни начини ја промовираат хомосексуалноста. Еден од нив е и Беким Асани, кој за да привлече меѓународни фондови, ја промовира хомосексуалноста на сите можни начини.
[Рецензија: „Членот на ЛГБТ-заедницата од Тетово – Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас“]
Рецензиите направени во рамки на овој проект секогаш имале цел да го подобрат квалитетот на информациите и да го намалат бројот на непрофесионални вести. Не може да се каже дека оваа цел е постигната на апсолутен начин, затоа што ова е едно вечно патување. Но, идејата останува иста како и на самиот почеток. Кажано на поедноставен начин, непрофесионални вести се сите вести што барем еднаш го прекршуваат Етичкиот кодекс на новинарите. За жал, во нашите медиуми има многу такви вести. Дел од нив, освен Кодексот, ги прекршуваат и човековите права, како што е случајот и со текстот што го рецензираме.
Линк до оригиналниот напис: Членот на ЛГБТ-заедницата од Тетово: Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас
Датум и време на објавување: 08.02.2017
Датум на рецензирање: 10.02.2017
Рецензент: Агрон Врангала
Најголем дел од „проблематичните“ вести се од полето на политиката. Многу ретко се случува да наидеме на прекршувања кај вестите од социјална природа или, пак, кај тие од други полиња. Како и да е, вести слични на оваа чиј линк ќе го најдете погоре, навистина се многу ретки. Дури можеме да кажеме дека во таа вест е третирано едно прашање кое во нашето општество и на медиумите на албански јазик продолжува да биде табу.
Самата тема не претставува проблем и на некој начин добро е што е одбрана токму таа. Проблемот е во начинот на кој е третирана. Нема добри и лоши теми, има само професионално и непрофесионално третирање на темите, на разните општествени феномени, девијантните аспекти, и така натаму.
Поаѓајќи и врз основа на овие премиси, може да се каже дека рецензираниот текст има неколку проблеми, кои многу лесно можело да се избегнат. Како прво, професионалниот пропуст се забележива уште од самото „демнење“ на една личност со одредена сексуална ориентација, следејќи и објавувајќи ги неговите статуси на „Фејсбук“. Но, како и да е, ако редакцијата решила да се позанимава со статусите на оваа личност или на други личности, кои себеси се сметаат за луѓе со различна сексуална ориентација, тогаш оваа тема требало да се третира со малку поголема посветеност.
Имаме само еден статус објавен од активистот за правата на ЛГБТ-заедницата, Беким Асани, и потоа наредени се предрасуди кои јасно укажуваат на хомофобија која авторот на текстот нималку не се обидел да ја прикрие. Овој начин на правење вест во никој случај не може да биде во ред.
Веста, всушност, почнува со контстатацијата дека „Единствениот член Албанец од Тетово на здружението на хомосексуалците, провоцирал со еден статус…“. Значи, за да кажеш дека тој е еден и единствен член на здружението на геј-заедницата во Тетово, прво треба да направиш едно истражување за сексуалната ориентација на тетовчани и, на крај, добиените резултати да покажат дека само една личност се изјаснила како хомосексуалец. Вакви констатации треба да бидат резултат на тоа што го покажуваат фактите, но тука немаме една таква ситуација.
По сè изгледа, авторот на текстот се налутил од статусот „Фејсбук“ каде што Беким напишал: „Хомосексуалноста не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас“. Во ред, ова не е еден статус кој може да помине незабележано од другите. Нормално дека те тера да размислуваш околу тоа која е таа личност која употребила една изрека стара повеќе од петстотини години („Слободата не ви ја донесов јас, таа ја најдов меѓу вас“ кажана од Скендер-бег по неговото враќање во Албанија) и која е таа личност со одредена сексуална ориентација, која, според логиката на нашето опкружување, наместо да молчи, се осмелува да каже нешто толку „тешко“ за нашите сваќања. Но, ако размислите малку посмирено, ова личност не излажала кога рекла нешто такво. Хомосексуалноста како феномен постои долго колку што постои и човекот, и во ова смисла вистината е дека Беким Асани не е тој што го „дегенерирал“ своето семејство, туку дека ова се случувало и порано, можеби подискретно.
Ова е дебата што нема крај, и поради тоа, нема да навлегуваме подлабоко. Но, во овој случај, нè интересира само методолошката страна на составување на еден новинарски текст кој е направен за да стане вест.
Доколку му се посветеше малку повеќе време, доколку постоеше подготвеност за да се направи вест со сите елементи на една вест, тогаш текстот ќе изгледаше вака: Првин, статусот на лицето што се нарекува себеси геј, немаше да го земеме „копи-пејст“, туку ќе ни служеше само како лајт-мотив, како почетна точка за да се почне нашата фантастична приказна. На почетокот, ќе побаравме изјава од тоа лице, прашувајќи го околу нештата во врска со неговиот живот или што било друго што нè интересира нас, како новинари, за да ја „провоцираме“ љубопитноста на нашата публика во врска со оваа тема. Откако ќе земевме мислење од главниот лик на нашата приказна, кој во овој случај е хомосексуалец, дури потоа ќе можевме да почнеме со китењето на приказната.
Ова китење може да се направи на разни начини и овде даваме една можна варијанта, која не задожително е и најдобрата. На пример, се прави преглед на Уставот на Република Македонија во делот каде се зборува за човечките права и слободи на македонските државјани. Гледаме дека повторно нешто ни недостига тука и што правиме? Почнуваме со фамозната комбинација на новинарството која е „про ет контра“.
Контактираме со некој социолог за да ни ја објасни појавата и нејзините ефекти врз општеството, и за оваа заедница, но и за заедниците околу неа. Можеме да зборуваме и со некој психолог, кој имал професионални искуства со оваа категорија на луѓе и може да ни објасни како се чувствуваат тие во една средина која не ги прифаќа со позитивност. Тој сигурно ќе зборува за начинот на одвивање на една психолошка сесија или начинот на третмани што тој им ги прави на тие што од него бараат помош во овој контекст. Бидејќи албанското општество се состои од една култура со верска традиција, можеби би било соодветно нашата приказна да ја збогатиме и со ставовите на еден теолог, кој би ја третирал хомосексуалноста од верска перспектива.
Сега веќе, и ние ќе забележиме дека приказната ни е доста збогатена со разни мислења искажани од нашите извори. За да се заклучи на посебен начин, ги вклучуваме и ставовите од некоја организација што се занимава со афирмација на правата на маргинализираните групи, истражуваме околу тоа како се појавува ситуацијата на глобално ниво, кои држави се полиберални кон овие категории на луѓе, кои држави се против, што кажуваат последните статистики, дали хомосексуалноста се прикажува како вредност, антивредност или само како право да се има различна сексуална ориентација, и така натаму.
Кога ќе ги имаме сите овие податоци на едно место, тогаш ќе имаме потенцијал за една целосно професионална приказна и, несомнено, ценета од јавноста, било од тие што доаѓаат од (условно кажано) конзервативната страна или од тие што имаат полиберални ставови. Секоја друга форма со тенденциозни цели, би имала негативен исход од јавноста.
Етичкиот Кодекс на новинарите е многу јасен кога вели дека:
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискри минација врз која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…)
Многу е лесно да се биде професионалец кога има определени правила, доволно е да се стават во примена. На овој начин, ние како новинари секогаш ќе излеземе победници. Нашиот читател ќе сфати дека чита професионален напис, без тенденции од разни природи и балансиран од сите страни.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
дел од нив
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
комерцијална пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
поттикнувачки говор
употребува поттикнувачки говор
дискриминира
дискриминација според сексуална ориентација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови