verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Хартијата трпи сè, па и вакви „проблесоци“!

on 18 - 04 - 2016       

ГРУЕВСКИ МОЛИ НА КОЛЕНА ,МОГЕРИНИ И БЕЈЛИ ДЕЦИДНИ ДЕК_ - http___ohridsky.com_

[Рецензија: Груевски моли на колена, Могерини и Бејли децидни дека избори не може да има]

 

Написот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува самиот себе дали ова е новинарски текст?! Во овој материјал имаме класична злоупотреба на терминот „анонимни извори“. Текстот е политички мотивиран, информациите се непроверени, а неговата веродостојност е крајно дискутабилна.

ГРУЕВСКИ МОЛИ НА КОЛЕНА МОГЕРИНИ И БЕЈЛИ ДЕЦИДНИ ДЕКА ИЗБОРИ НЕ МОЖЕ ДА ИМА OhridskyЛинкуван наслов на анализираниот напис: Груевски моли на колена, Могерини и Бејли децидни дека избори не може да има

Датум и време на објавување: 10.04.2016

Датум на рецензирање: 18.04.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НАВРЕДЛИВИ КОМЕНТАРИ

Уште на самиот почеток од написот, без никаква основа и поткрепа, имаме навредливи коментари упатени лично на сметка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Самобендисаниот лидер на ВМРО ДПМНЕ и неговата Болумента никако да осознаат, дека да имаш сопствен став, значи дека главата освен за стрижење ја користиш и за мислење, а не дека си против некој или нешто!“

Понатаму, се убедува читателот дека Груевски молел да има избори на 5 јуни, при што ветил дека ќе го смени името на државата и дека нема да биде премиер.

„Колку и да ска Груевски да се пазари со меѓународниот дипломатски фактор , околу одржување на избори на 50-ти јуни, и да изборите бидат прогласени за легитимни од страна на ЕУ и САД, по цена на промена на името на државата ,како и неговата последена понуда испратена до Могерини и бБејли ,дека тој нема да биде Премиер , таквото негово барање е децидно ОДБИЕНО.“

 

АНОНИМНИ ИЗВОРИ И ПИШУВАЈ ШТО САКАШ!

Ова се тешки политички обвинувања, за кои се потребни цврсти докази и факти. Но, наместо тоа, написот ни нуди анонимни извори од Брисел. Во стилот, повикај се на анонимни извори и пишувај што сакаш. Меѓутоа, професионалното новинарство не функционира на таков принцип. Новинарските правила дозволуваат употреба на анонимни извори, ама информациите мора да се проверат. Не е доволно само да се пренесе сè што ќе се слушне, како во конкретниот случај, кој е добар пример за тоа дека хартијата трпи сè!

Подолу во текстот, се посочува дека „Федерика Могерини, Аиво Орав и Џес Бејли, кои водат интезивни разговори со четворицата лидери потписници на договорот од Пржино, имале јасен став, кој му го пренеле и на Груевски“.

„1.ЦЕЛОСНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА БЕЗ ОСТАПКИ НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО
2.ВО ЦЕЛОСТ ДА СЕ ОСТРАНАТ СИТЕ ПРИБЕЛЕШКИ И ЗАКЛУЧОЦИ  ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА РАЈНХАРД ПРИБЕ
3. ЦЕЛОСНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ИЗВЕШТАЈОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА , и
4. ФОРМИРАЊЕ НА СПЕЦИЈАЛЕН СУД ЗА СИТЕ КАЗНИВИ ДЕЛА КОЈ ЌЕ ПРОИЗЛЕЗАТ ОД НЕЗАКОНСКИТЕ ПРИСЛУШУВАНИ МАТЕРИЈАЛИ ОД СТРАНА НА 5-ТАТА УПРАВА НА МВР, КОМПЛЕТНА САМОСТОЈНОСТ НА С.Ј.О И ЗАДОЛЖИТЕЛНА СОРАБОТКА НА СИТЕ ОРГАНИ НА ДРЖАВАТА СО С.Ј.О.“

Целосна имплементација на извештајот на Венецијанската комисија никогаш не била спомната од страна на меѓународниот фактор, но и во текстот не е прецизирано за што конкретно се работи. Понатаму, за формирањето на специјален суд никогаш не станало збор од страна на ЕУ и на САД, што лесно може да се види од изјавите на меѓународните претставници. Поради тоа, може да се заклучи дека ова не држи вода.

 

ИНФОРМАЦИИ ИСТРЕСЕНИ ОД РАКАВ

Понатаму, имаме уште една неоснована работа за која во написот се тврди дека му била пренесена на Груевски од Брисел.

„Она што Груевски и неговите први соработници сакаат да го сокријат од сопственото членство , но и од целата Македонска јавност,е фактот дека на 5-ти Јуни НЕМА ИЗБОРИ.Исто така сакајќи да сејат магла како кај членството, така и пред макеоднската јавност , тешко им паѓа да јавно искажат дека ЕУ и САД до таа мера го стега обрачот околу двоецот Груевски-Ахмети, што доколку не ги исполната барањата на ЕУ и САД,и не се спроведат погоре наведените 4 точки , и двајцата ќе завршат во Шевенинген…“

Во затворот во Шевенинген завршуваат осуденици за воени злосторства, осудени од Меѓународниот кривичен суд во Хаг, попознат како Меѓународен суд за воени злосторства. Груевски и Ахмети не можат да завршат во Шевенинген од причина што не е докажано дека сториле воени злосторства. На Ахмети требаше да му се суди за воени злосторства во случајот „Мавровски работници“. Тоа е еден од четирите предмети што Хаг ѝ ги врати на Македонија, за да се решеваат во македонските судови. Но, за овие случаи, Собранието на РМ прогласи амнестија.

Текстот пласира бројни целосно непроверени информации, како стопроцентно вистинити. Иако ваквите (дез)информации лесно можеле да се проверат, доколку се побарале изјави од ВМРО-ДПМНЕ или, пак, од Брисел, каде што има сектор за односи со јавноста кој во секое време е достапен за изјави, или ако се побарал став од Амбасадата на САД во Скопје и слично. Но, очигледно е дека идејата на овој напис воопшто и не била да пренесе во јавноста точна и политички необременета информација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови