Говорот на омраза е спротивен со новинарството
Објавено во Рецензии
on 19 - 04 - 2016 Автор: Xhenis SulimaniНапис: Албанците ги критикуваат албанските политичари: „Живеете како Албанци, а умирате за каурите“
Ако Иса Болетини беше жив, немаше да им дозволи на политичарите да се однесуваат на овој потчинувачки начин кон Македонците, бидејќи ќе земеше два пиштоли со себе, ќе влезеше во државните институции и ќе речеше „Не се потчинувајте“, вака напишал еден коментатор на ФБ-страницата на агенцијата за вести „Журнал“.
Изгледа човекот со оваа реакција бил револтиран од општата политичка состојба во државата што ги дискриминира Албанците во секој поглед.
Дали е ова порака дека сите политичари не ја имаат веќе довербата на народот, и не само постарите партии, како што е ДПА и ДУИ, туку дека се разочарани и од новите партии кои се појавија на политичката сцена, кои не го кренале својот глас против политиките на Груевски и кои не направиле ништо конкретно со што би ја добиле довербата на албанската популација.
[Рецензија: Албанците ги критикуваат албанските политичари: „Живеете како Албанци а умирате за каурите“]
Секако дека гласот на народот треба да биде пренесен во медиумите, но не и во случаи каде што коментарите се невоздржани и шират говор на омраза. Новинарската мисија не е да шири непријателство, туку спротивното. Говорот на омраза е во спротивност и со Етичкиот кодекс на новинарите.
Линк до оригиналниот напис: Албанците ги критикуваат албанските политичари :„Живеете како албанци а умирате за каурите”
Датум и време на објавување: 07.04.2016
Датум на рецензирање: 11.04.2016
Рецензент: Џенис Сулимани
Текстот што го рецензираме почнува со насловот „Албанците ги критикуваат албанските политичари: ’Живеете како Албанци, а умирате за каурите’“. Зборот „каури“ е навредлив збор за народите со словенско потекло и неговата употреба се смета за говор на омраза, па не му е местото во медиумите. Медиумите и новинарите во ниеден момент не смеат да објават новинарски производи со ваква содржина.
Новинарот нема да зборува со говорот на омраза и нема да поттикне насилство и дискриминација по ниедна основа, вели член 10 од Етичкиот кодекс на новинарите.
Да споменеме дека под говор на омраза го подразбираме секој навредлив говор што има цел да поттикне омраза кај одредена група луѓе.
Текстот пренесува коментар од ФБ-страницата на агенцијата на вестите, како тој да е мислење на сите Албанци.
Оваа тенденција за свесна дезориентација на јавноста е надвор од сите професионални стандарди. Обично, за да излезе текстот пообјективен и за да пренесе една информација, содржината треба да се состави врз основа на повеќе гласови и процени на народот.
„Ако Иса Болетини беше жив, немаше да им дозволи на политичарите да се однесуваат на овој потчинувачки начин кон Македонците, бидејќи ќе земеше два пиштоли со себе, ќе влезеше во државните институции и ќе речеше „Не се потчинувајте“, вака напишал еден коментатор на ФБ-страницата на агенцијата за вести „Журнал“.“
Друг елемент, што уште еднаш го потврдува фактот дека овој текст е пример за тоа како не треба да изгледа една вест, е поддржувањето на коментарот што е проследено од толкувањето на новинарот.
„Изгледа човекот со оваа реакција бил револтиран од општата политичка состојба во државата што ги дискриминира Албанците во секој поглед.“
Новинарот свесно нема да создаде, ниту да обработи информации што ги повредуваат правата и слободите на човекот, нема да зборува со говорот на омраза и нема да поттикне насилство и дискриминација, врз која било основа, се вели во прирачникот за професионално новинарство.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
национална дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови