verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За новинарските текстови и за новинарските срамови

on 6 - 08 - 2015       

Пулс 24 СРАМ Го викале Илинден  бидејќи бил лузер-crop-resize

 

[Рецензија: СРАМ: „Го викале Илинден, биејќи бил лузер“]

 

Текстов е хаос од почеток до крај. Земен е еден твит и од него е направен цел напис. Крајно непотребно, лошо и, секако, невистинито. Во текстот се напишани многу навреди, нелогичности, а никаде не е проверен ниту, пак, е наведен вистинскиот сопственик на твитер-профилот, со оглед на тоа што се работи за псевдоним.

Пулс 24 СРАМ Го викале Илинден  бидејќи бил лузерЛинк до оригиналниот напис: СРАМ: „Го викале Илинден, биејќи бил лузер“

Датум на објавување: 02.08.2015, 06.55

Датум на рецензирање: 03.08.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАША-ПОПАРА ОД ТЕКСТ

Никаде во текстот нема ни збор за тоа дали е ова вистински твитер-профил. Текстот го зема здраво за готово и плете приказна за него. Крајно недоветно, пак, е тоа што од нигде-никаде се тврди дека авторот е „соросоид“. И, секако, тука почнува и продолжува навредата за сите што некако се поврзани со Фондацијата „Отворено општество“  – Македонија (дел од мрежата Сорос-фондации).

И „нормално“, сè што не чини во Македонија е поврзано со Сорос. Само залепи му етикета, без разлика дали се работи за некој профил на социјалните мрежи или нешто друго, поврзи го со Сорос и имаш приказна. Ете, така е сработен овој напис.

Како што почнува така и завшува. Со навреди и со измислени тези. Притоа цело време има навреди за тоа како „Сорос“ ги плаќа ваквите луѓе за да плукаат врз Македонија. Со тоа текстот создава слика дека сите невладини организации во Македонија кои се критички настроени кон власта се предавници и не ѝ мислат добро на земјата. Сето тоа е нафрлено низ текстот, ама никаде нема нешто конкретно за да се земе ова здраво за готово.

Ова е текст кој е полн со навреди. Од еден твитер-профил да се направи цела приказна и на купче да се навреди целиот граѓански сектор во Македонија е непромислено. Башка што овие текстови како печурки по дожд се шират низ сите провладини веб-страници. Написот, инаку, нема никаква новинарска логика ниту, пак, ги почитува правилата на професијата, па заради сето тоа претставува уште една промашена приказна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови