Гневот и чувството „до ѕид набиени“ не љубат објективност
Објавено во Рецензии
on 17 - 05 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Заев рика од Африка: Избори на 5-ти јуни нема да има]
Многу лаги, гнев и навреди во само две реченици (поднасловот) и во насловната конструкција на оваа медиумска содржина.
Како прво, наднасловот „Интервју за Франс прес кое го пренесе само дивината“, ја најавува лагата дека интервјуто на Зоран Заев за француската новинска агенција било пренесено само на „Франс Прес Африка“, односно на „афричкото издание на Франс Прес“.
Порталот на кој е пронајдена како единствено објавена веста на агенцијата за интервјуто со лидерот на македонската опозиција, воопшто не се вика „Франс Прес Африка“. Ниту, пак, е „афричкото издание на Франс Прес“.
Внимателната проверка која не одзема многу време, укажува на тоа дека веста е објавена на еден од агрегаторите на вести на африканскиот континент, кој се вика „Африка тајм“ (www.africatime.com). Порталот „собира“ вести не само од „Франс прес“, туку и од сите други светски агенции.
Освен тоа, не се вели „афрички“, туку „африкански“.
Насловот е навредлив и е во спротивност на членот 15 од Кодексот на новинарите кој налага дека:
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Линк до оригиналниот напис: Заев рика од Африка: Избори на 5-ти јуни нема да има
Датум и време на објавување: 15.05.2016, 01:42
Датум на рецензирање: 16.05.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ТЕНДЕНЦИОЗНО И НАВРЕДЛИВО
Ако се навратиме повторно на сугестијата на наднасловот дека интервјуото на Заев за „Франс прес“ било пренесено само на овој африкански агрегат и ако направиме проверка дали е навистина така, само на првите две страници на пребарувачот „Гугл“ доаѓаме до податоци дека интервјуто било пренесено во Велика Британија (Macedonian vote set to be postponed: opposition leader), во Австралија (Macedonian vote set to be postponed: opposition leader), во Бугарија (Зоран Заев: Парламентарните избори в Македония ще бъдат отложени), во Турција (Zaev: “Biliyorum, 5 Haziran’da erken seçimler olmayacak), во Србија (Stranka Nikole Gruevskog jedina učestvuje na izborima), во Франција (Macedonian vote set to be postponed: opposition leader), во Швајцарија (Législatives très incertaines en Macédoine).
Доволно е, нели?
Овој текст е уште еден од оние особено пристрасни и навредливи текстови. Тоа е во спротивност со принципите на доброто новинарство и со членот 14 од Кодексот на новинарите:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Ако професионалните новинари, оние со интегритет, ги игнорираат овие укажувања, тогаш нив лесно може да ги замени приклонувањето, гневот и чувството „до ѕид набиени“, кои се непријатели на објективноста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови