Глорификација на Груевски!
Објавено во Рецензии
on 21 - 12 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Аналитичари – Синоќешниот говор на Груевски беше храбар, моќен и одлучен]
Материјал со серија фабрички грешки: што суштински, што граматички. Текст кој едноставно е навреда за интелегенцијата на публиката. Ај што еден човек ни се претставува во множина, демек станува збор за аналитичари, a всушност тој самиот го брани воинствениот проглас на ВМРО-ДПМНЕ, туку е експерт вдомен во државна институција, благодарение токму на пратеничките гласови на таа иста ВМРО-ДПМНЕ. Како велат? „Едната рака ја чеша другата“?
Линк до оригиналниот напис: Аналитичари – Синоќешниот говор на Груевски беше храбар, моќен и одлучен
Датум и време на објавување: 18.12.2016, 17:39
Датум на рецензирање: 20.12.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
АНАЛИТИЧАР: „БРАВО ШЕФЕ“!
Навистина иритира кога некој се обидува преку вакви медиумски производи јавноста при очи да ја направи слепа. Недозволиво е да се „продава“ прозивод кој алудира дека нуди повеќе ставови, а всушност се темели само на мислењето на еден човек. Значи имаме граматичка недоследност, ако може така благо да ја карактеризираме. Како тоа „еден“ станува множина?
Кај именките разликуваме два броја: еднина и множина.
Откако ова го расчистивме, да преминеме на суштинските маани. Човекот што ни се презентира како експерт е исклучително тесно поврзан со ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, Александар Даштевски бил во таа партија, па сменил неколку други, меѓу кои и ВМРО-Народна, па Обединети за Македонија, па конечно со Филип Петровски, по катастрофалнитре резултати на нивната „Демократска десница“ на изборите во 2011 година, пак си се претопија со ВМРО-ДПМНЕ. Значи, си се вратиле онаму од каде што тргнале.
Истиот експерт Даштевски, најверојатно благодарение на таквите фалби за власта, на почетокот на годинава со гласовите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беше изгласан за член на Комисијата за заштита од дискриминација. Потоа следуваше негова канонада од говори во заштита на партиски ставови и позиции преку движењето ГДОМ. За каква негова експертиза и евентуална независност станува збор? Дали тој низ критичка призма ќе го опсервира говорот на Никола Груевски? Ајде, па не се ова приказни за мали деца. Што би можел овој човек да каже за настапот на Груевски освен „Браво шефе, убаво им кажа“!
„Крајно време беше да се направи овој чекор. Даштевски смета дека овој потег ќе му донесе поени на Груевски надвор од партиското членство“.
Тука доаѓаме и до наредната фалинка. Наликува дека експертизата на експертот е само налепена, колку да се рече, на основната идеја, а тоа е за пак да се повтори дел од говорот на партискиот шеф на протестот пред Државната изборна комисија, во кој тој ги нападна и ДИК и меѓународната заедница и невладините организации.
Не може да се избегне впечатокот на глорификација. Храбар, одлучен, суверени одлуки, без мешање на странски центри…
Секој политичар носи одлуки за кои самиот е одговорен, исто како што секој новинар е одговорен за текстовите што ги потпишува.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
нерелевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
во насловот
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови