Ѓаволски голема желба за повеќе кликнувања
Објавено во Рецензии
on 23 - 08 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: На гинекологија се роди бебе-ѓавол – веднаш е препратено во САД]
Веќе навикнавме на македонските портали да читаме сè и сешто во трката за што поголем број кликнувања и за поголема читаност, но ова веќе ги надмина сите граници на желбите за сензационалност. Ова во никој случај не може да се нарече новинарски текст, а уште помалку да се пласира како таков на информативен портал. Дури и да е вистина тоа што е напишано, мора да има дебела основа за да го убеди читателот во веродостојноста, но во случајов ова е само еден евтин трик за привлекување читатели.
Линкуван наслов на анализираниот напис: На гинекологија се роди бебе-ѓавол – веднаш е препратено во САД
Датум и време на објавување: 19.08.2015
Датум на рецензирање: 22.08.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Од насловот не е јасно каде се родило бебето, односно не е наведено местото, така што читателот лесно може да помисли дека бебето-ѓавол се родило на државната клиника за гинекологија и тоа, секако, веднаш да го привлече да ја отвори веста.
Откако ќе почнете да го читате написот, сфаќате дека тоа се случило во Тузла, БИХ, и дека станува збор за „мајката Мирсада“.
„Мајката Мирсада од Тузла на свет донесе бебенце кое ги шокира сите. Неколку податоци ја потврдуваат констатацијата на докторите дека бебето е ѓавол. Тоа е родено 4666 грама, а цифрата 666 е симбол на сатаната. Освен тоа бебето физички не изгледало како останатите: неговата кожа е црвена, ушите му се издолжени и остри, а има и крупни црвени очи без зеница.“
Прво, она што ја поткопува веродостојноста на текстот е недостигот од линк до оригиналната верзија. Второ, народни верувања и библиски преданија не може да се ставаат во категорија „податоци кои ја потврдуваат констатацијата на докторите“. За бројот 666 има разни верувања и тој се врзува за сатани, ѓаволи и за некакви си ѕверови, но сè тоа се народни преданија. Ништо не е докажано ниту фактички потврдено. Според тоа, целата теза на авторот на овој текст паѓа во вода.
Понатаму, во текстот нема изјави од „шокираните“ доктори, а уште помалку фотографии од бебето-ѓавол.
„Поради тоа докторите одлучиле бебето да го тргнат од очите на јавноста, а на мајката и кажале дека е родено мртво. Приказната за бебето се проширила низ градот, па многу љубопитни луѓе стоеле пред породилиштето за да го видат, но тоа не се случи.“
Она што е смешно тука е дека докторите одлучиле да молчат и ова да го чуваат како тајна и поради тоа на мајката ѝ рекле дека бебето е мртво, но приказната бргу се прочула. Каква е таа државна тајна за бебе-ѓавол која се раширила со брзина на светлината?
На крајот, да биде уште подраматична ситуацијата, „црн хеликоптер се спуштил над болницата и го однел бебето во САД“? Зошто баш во Америка, не е објаснето, можеби таму има некои тајни врачови кои знаат како да се справат со ѓаволи?
Овој текст лесно може да му послужи на некој режисер за научно-фантастична комедија, или хорор, зависи кој како ги доживува филмовите и приказните со ѓаволи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови