„Гинисов рекорд“ за непрофесионализам за текст за Џеват Адеми
Објавено во Рецензии
on 17 - 11 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Џеват Адеми влегува во „Гинисовата книга на рекорди“!
Поранешниот пратеник кој најдолго бил на оваа функција, Џеват Адеми, повторно е на пратеничката листа и може да влезе во „Гинисовата книга на рекорди“.
Не се знае зошто Џеват Адеми е недопирлив и привилегиран во ДУИ и продолжува да биде на пратеничката листа каде што можноста да биде избран е 99,99 отсто. Како што и самиот Џеват Адеми рекол, неговата куќа и седиштето на ДУИ се наоѓаат на 500 метри растојание и можеби ова влијае тој да е секогаш сè повисоко на пратеничката листа.
Години по ред, тој е номиниран од разгранокот во Желино, бидејќи Речица, неговото родно место, никогаш не го предложила за пратеник и, како што кажуваат неколку жители, тој станал здодевен како пратеник и не направил ништо за жителите.
Но, во историјата со сигурност ќе биде напишано едно нешто, дека Џеват Адеми е Албанецот кој најдолго бил на функцијата пратеник во Македонија без да направи ништо за Албанците./Тетовасот/
[Рецензија: Џеват Адеми влегува во „Гинисовата книга на рекорди“!]
Овој текст е класичен коментар. Недостигот на извори авторот го заменил со иронизации од негова страна за една политичка фигура, Џеват Адеми, кој долго време е на иста функција. Темата е во ред, но не и начинот на кој е обработена.
Линк до оригиналниот напис: Џеват Адеми влегува во „Гинисовата книга на рекорди“!
Датум на објавување: 10.11.2016
Датум на рецензирање: 14.11.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
„Поранешниот пратеник кој најдолго бил на оваа функција, Џеват Адеми, повторно е на пратеничката листа и може да влезе во „Гинисовата книга на рекорди“, е основата на информацијата и тука е ставен акцентот на целата содржина. Написот следува по објавувањето на кандидатските листи за пратеници од ДУИ за парламентарните избори на 11 декември, каде што повторно како кандидат е Адеми. „Гинисовата книга на рекорди“ е ставена под наводници (и во насловот), како да сака да се каже дека, всушност, ова не е вистина, значи не се уриваат рекордите на Гинис, туку претставува иронизирање на повторната кандидатура на Адеми. Причината за повторното кандидирање на Адеми по неколкуте мандати во текстот се објаснува на смешен, ироничен, омаловажувачки начин и без докази.
„Не се знае зошто Џеват Адеми е недопирлив и привилегиран во ДУИ и продолжува да биде на пратеничката листа каде што можноста да биде избран е 99,99 отсто. Како што и самиот Џеват Адеми рекол, неговата куќа и седиштето на ДУИ се наоѓаат на 500 метри растојание и можеби ова влијае тој да е секогаш сè повисоко на пратеничката листа“.
За ова прашање коректно е да се побара одговорот во ДУИ – зошто постојано го кандидираат Адеми за претеник?! Дали ова го прават бидејќи сметаат дека Адеми бил успешен во претходните мандати?
„Речица, неговото родно место, никогаш не го предложила за пратеник и, како што кажуваат неколку жители, тој станал здодевен како пратеник и не направил ништо за жителите… Џеват Адеми е Албанецот кој најдолго бил на функцијата пратеник во Македонија без да направи ништо за Албанците“.
На читателот не му се нуди гласот на народот за да се докаже дека жителите на Речица навистина мислат дека Адеми не направил ништо за жителите. Кога се зборува во име на жителите, тогаш мора да се направи анкета. Нормално, за ова се потребни и дополнителни докази. Можеби податоци за поранешни средби со жителите каде што Адеми не бил добро пречекан, можеби гласањето за некој закон кој не бил од полза на овие жители или, пак, некој став на Адеми со кој им наштетил на жителите, за кои се вели дека не го сакаат.
Прирачник за етика во новинарството:
- Проверката на податоците и точноста се морални императиви на новинарството, затоа новинарот е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори, а најмалку два меѓусебно неповрзани извора.
- Изборот на фактите мора да обезбеди објективна информација и согледување на сите значајни аспекти на темата за која се говори.
Лесно е да се прават вакви текстови, но многу тешко е да се убеди читателот во тоа што е напишано ако не му се нудат доволно факти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови