verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Гатачки прогнози

on 19 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

reporter

[Рецензија: Груевски збесна: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас?!]

 

Овој напис е полн со шпекулации и со непроверени информации. Текстот, наместо аргументи, на читателите им нуди рекла-кажала муабети и гатачки прогнози.

14741764_10207602443483448_440977590_nЛинк на оригиналниот напис: Груевски збесна: Ахмети и ДУИ ми се полојални од вас?!

Датум и време на објавување: 17.10.2016

Датум на рецензирање: 19.10.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ЧАРШИСКИ МУАБЕТИ

На самиот почеток, написот бомбастично најавува дека викендот на ВМРО-ДПМНЕ бил тензичен, но не прецизира на какви извори се повикува.

„Викендот не поминал толку идилично за ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваа да го престават владините мегафони. Дознаваме дека викендот на ВМРО бил особено тензичен за претседателот на партијата Никола Груевски“.

Покрај тоа што не ги наведува изворите, оваа медиумска содржина не ги проверила информациите што ги добила. Тие се објавени без никаква цврста основа што ја доведува во прашање нивната веродостојност.

„Поради неизвесноста која владее кај кадрите на оваа партија дека ќе ги изгубат изборите од една страна, но и поради стравот дека можат да бидат на „списокот на СЈО“, во ВМРО-ДПМНЕ како ретко до сега се бара место повеќе во кандидатските листи, за да се обезбеди пратенички имунитет. Во трката за пратенички имунитет, преку сигурно место на пратеничките листи, се вклучиле и 6 претседатели на ограноци“.

Во овој дел од текстот, наместо факти, имаме гатачки прогнози. Се предвидува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изгубела на изборите. Покрај ова, се шпекулира дека се барало место повеќе на пратеничките листи за да се обезбеди пратенички имунитет. Ваквата информација не е проверена и не е побарано став од партијата. Се наведува дека во трката за пратеничките листи се вклучиле шест претседатели на партиски разграноци, но ништо конкретно не му е понудено на читателот, ниту приближно не е посочено за кои партиски разграноци станува збор.

Целиот текст личи на чаршиски муабет. Очигледно е дека написот е политички мотивиран и има цел да креира слика дека  владејачката партија е „расклатена“ од внатрепартиски кавги.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови