verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Гаф спинуван како признание

on 14 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zurnal-za-navoden-gaf

[Рецензија: НОВ ГАФ ИЛИ ПРИЗНАНИЕ: Заев со комунистичка реторика го презентираше „Лажниот план на СДСМ“]

 

Текстот е коментарски и едностран, а се темели на лапсус, кој се користи за спинување и за вадење од контекст на говорот на лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

 

gaf-spinuvan-kako-priznanieЛинк до оригиналниот напис: НОВ ГАФ ИЛИ ПРИЗНАНИЕ: Заев со комунистичка реторика го презентираше „Лажниот план на СДСМ“ 

Датум и време на објавување: 02.10. 2016 – 18:12

Датум на рецензирање: 13.10.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

ТЕКСТ „ЗГОТВЕН“ ЗАРАДИ ОЦРНУВАЊЕ

Коментаторскиот наслов на написот што го рецензираме најавува каков тип на текст следува, односно напис исполнет со лични коментари, извртување на приказната, сè со една цел – да се оцрни лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во очите на јавноста, но  и да се соберат евтини политички поени кај владејачката партија.

„Лидерот на СДСМ, аболицираниот криминалец Зоран Заев на 20 Конкрес на партијата призна дека го презентира „Лажниот план на СДСМ“ и дека со него ќе (се обиде да) го излаже народот“.

Написот, според категоријата и формата, би требало да биде вест, но според својата содржина претставува коментар. Главата на информацијата претставува интегриран коментар и спин на веста, која во случајот е дека Заев за време на своето обраќање направил лапсус. Наместо тоа, се влече заклучок дека лидерот на СДСМ признал дека се обидува да го „излаже“ народот со „Лажниот план на СДСМ“.

 

ЛАВИНА ОД НЕГАТИВНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Во следниот дел од написот, Заев се етикетира како „неокомуњарски“ лидер поради начинот на обраќање, односно со „другари и другарки“. Самиот збор „комуњарски“ во случајот се користи во негативна конотација и има цел да го прикаже претседателот на партијата во лошо светло. Потоа се влече заклучок дека гафот е, всушност, свесно или несвесно признание за лажење.

Иако сосема е очигледно од видеоснимката дека Заев се сплеткува, влечењето заклучок дека е изнасилен став. Дури и да се сакало лапсусот да се прикаже како признание, требало да се побара мислење од експерт, во случајот психолог, кој би одговорил дали станува збор за несвесно признавање или, пак, е само обичен лапсус.

Во написот се крши Кодексот на новинари, односно неколку члена од него, кои налагаат:

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Член 13.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Член 14.

Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Член 15.

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови