verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотографијата што кружи за трансплантацијата на срце е од Кина и стара три години

on 26 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Фејсбук објава]

На медиумски простор,  кој повеќе три месеци главно е окупиран со коронавирусот, деновиве се појави информација дека е изведена првата трансплантација на срце во државата. Тим од врвни лекари, координирани од министерот за здравство Венко Филипче, успешно пресадија срце од починат донор кај лице кое подолго време чекало трансплантација на овој орган.

Линк до оригиналниот напис: Фејсбук објава

Датум и време на објавување: 23.5.2020

Датум на рецензија: 25.5.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Сите медиуми ја објавија оваа позитивна вест, многу потребна во неизвесни и тешки моменти поради пандемијата со КОВИД-19. Социјалните мрежи букнаа од позитивни коментари за докторите, како и за семејството на починатото лице кое се согласило да се донираат срцето и двата бубрега.

И во тоа нема ништо лошо. Позитивни вести се секогаш добредојдени. Но и во вакви случаи, најважно е да се споделуваат точни информации.

Една од најсподелуваните фотографии кои се поврзуваат со првата трансплантација на срце во државата, е онаа каде што група на лекари се поклонуваат и покажуваат почит пред телото на починато лице чии органи биле донирани. Во описите на фотографиите го пишуваше името на жената чии органи беа донирани откако таа загинала во сообраќајна несреќа.

Но, на фотографијата не се наоѓа таа жена, докторите не се оние кои ја извршија оваа трансплантација и фотографијата воопшто не е снимена во Македонија. Со лесно пребарување на Гугл може да се види дека на фотографијата се кинески лекари, кои се поклонуваат пред починат пациент кој ги донирал сите свои органи. Таа е стара три години и снимена е во болница во Хефеи, во источната кинеска провинција Анхуи.

На некои Фејсбук страници, оваа фотографија собра илјадници реакции и е споделувана стотици пати.

Фотографијата да беше навистина направена во Македонија за време на оваа трансплантација на органи, таа ќе беше објавена од официјалните институции на нивните профили на социјални мрежи или на нивните веб-страници.

Иако, најверојатно станува збор за ненамерна грешка, сепак претставува искривување на реалноста и манипулирање на јавноста. Во ред е да се оддаде почит на целата ситуација и секако на личноста која спаси неколку човечки животи со донирање на органи, но сепак тоа треба да се направи соодветно и пред сè со вистински и релевантни информации.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ