Фотографијата, сепак, не ги заменува фактите
Објавено во Рецензии
on 6 - 12 - 2016 Автор: Александар Пешев[Рецензија: (ФОТО) Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп претоварено со “НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА” врши предизборен поткуп]
Краткиот напис од само две реченици остава простор за сериозни забелешки околу професионалните стандарди. Како единствен „доказ“ дека возило на едно јавно пертпријатие, наводно, се злоупотребува за изборни цели, е понудена фотографија со релативно ниска резолуција. Од ваквата нејасна фотографија воопшто не може да се види дали станува збор за службено возило и дали тоа е „претоварено со новогодишни пакетчиња“, ниту, пак, во кусиот текст има некаква потврда за тоа дека се прави „предизборен поткуп“, како што се тврди во насловот.
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп претоварено со “НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА” врши предизборен поткуп
Датум и време на објавување: 03.12.2016, 22:12
Датум на рецензирање: 06.12.2016
Рецензент: Александар Пешев
НЕЈАСНА ФОТОГРАФИЈА
На фотографијата се гледа дека автомобилот е натоварен со картонски кутии, но не може да се види што точно се пренесува, какви се кутиите и дали во нив навистина има новогодишни пакетчиња. И наместо во содржинскиот дел да се посочат прецизни извори на информации околу содржината на товарот, официјални или неофицијални, се оди со коментирање:
„Возило на ЈП Македонски Шуми во Прилеп натоварено веќе е во поход на масовно купување гласови, злоупотребата на државните институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ не е измислена топла вода веќе и овие избори“.
Останува нејасно:
- Од каде е утврдено дека возилото е на ЈП „Македонски шуми“ и дека е во поход за масовно купување гласови?;
- Како е утврдено дека станува збор за масовна злоупотреба на државните институции од страна на ВМРО-ДПМНЕ?
Нема докази дека е направен обид за проверка на информациите, со контакт на засегнатата страна. Политичка пристрансост на објавата е видлива и во втората реченица:
„Предупредувањата сепак се остварија дека владејачката партија ќе стори се што е во нејзина моќ да го корумпира гласачкото тело во нејзина полза посебно во ИЕ 3 и ИЕ 4“.
Повторно останува нејасно кој предупредувал на можни малверзации од страна на владејачката партија и кој предупредил дека ваквите постапки биле најзабележливи во двете посочени изборни единици.
Имајки предвид дека не е побаран став ниту од ЈП „Македонски шуми“, ниту од ВМРО-ДПМНЕ, имаме еднострана објава со видлива намера за дискредитација на владејачката партија во пресрет на изборите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови