Фотографија на „Фејсбук“ злоупотребена за оцрнување
Објавено во Рецензии
on 10 - 11 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: Наместо на терен, Николовски од СДСМ тера кампања по кафеани (ФОТО)]
Тенденциозен и коментаторски текст кој има цел да го дискредитира заменик-министерот за земјоделство од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски, и јавноста да оформи негативен став за него. Ова е еден од написите објавени во медиумите наклонети на владејачката партија, во кои се спроведува негативна кампања за кандидатските пратенички листи на СДСМ (предложени на партискиот конгрес на 6 ноември 2016 г.), особено за носителите на листите.
Линк до оригиналниот напис: Наместо на терен, Николовски од СДСМ тера кампања по кафеани (ФОТО)
Датум и време на објавување: 06.11.2016, 22:44
Датум на рецензирање: 10.11.2016
Рецензент: Симона Атанасова
„КРУНСКИ ДОКАЗ“
Како предмет на оваа анализа имаме материјал кој е конструиран врз основа на фотографија објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“. На неа е прикажан Николовски во еден скопски ресторан и тоа е „крунски доказ“ дека тој воопшто не работи на терен туку „тера кампања по кафани“. Сликата е земена од нечиј приватен фејсбук-профил, а во текстот не е наведено дали е добиена дозвола за нејзиното преземање.
Во написот се занемаруваат сите прес-конференции и посети на Николовски низ другите градови на Македонија и неговите средби со земјоделците. За сето ова нема ниту еден единствен збор. Но, затоа само една слика од кафана е сè што е потребно за тој да биде оценет како неработник.
Во текстот, исто така, во коментаторски манир се тврди дека Николовски, иако е дополнителен заменик-министер за земјоделство, наводно, не ја познава оваа област:
„Николовски важи за десна рака Заев и негов шеф на кабинет. Николовски, кој моментално е заменик-министер за земјоделие, благодарение на политичкиот договор, ќе остане запаметен по класичното непознавање на земјоделието и неговите излети по земјоделските посеви“.
За ваквата констатација не се презентирани аргументи, туку е само паушално нафрлена. На читателската публика не ѝ е понуден ниту еден пример во прилог на ваквите наводи ниту, пак, се посочени докази со кои би се поткрепиле искажаните тврдења. Таа е оставена слепо да верува на напишаното.
Со ваквиот пристап се прекшени преамбулата и неколку членови од Кодексот на новинарите, меѓу кои :
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија. (Преамбулата)
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (1)
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот (13)
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (14)
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности… (16)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови