Фотографија „без илјада зборови“, се дополнува со факти, а не со шпекулации
Објавено во Рецензии
on 8 - 06 - 2016 Автор: Agron Vrangalla
Напис: Од кого се плаши Али Ахмети со пиштол во појасот
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, направил една фотосесија во неговото родно место, известува агенцијата за вести ИНА.
Во овој албум, како никогаш порано, тој се појавува со пиштол на појасот. Освен ова, тој изгледа е и со необична облека. Фотографиите се споделени по социјалните мрежи, а многу корисници го поставиле прашањето од кого се плаши Али Ахмети, па шета вооружен и во регионот на општина Зајас. (ИНА)
[Рецензија: „Од кого се плаши Али Ахмети со пиштол во појасот“]
Доколку ви се случи да ги споредите фотографиите во фото-апаратот на еден турист со тие на еден фото-репортер, ќе забележите дека станува збор за еден целосно различен сет на фотографии. Фотографијата како медиум е многу важна за тоа што се нарекува фотографска фактографија. Таа спаѓа во визуелната комуникација и има посебна интерпретација во сферата на комуницирањето. Фото-веста е новинарска категорија и служи за да се остави простор на имагинацијата на гледачите, за и тие да го толкуваат тоа што го гледаат. Но, правилата ни велат дека во вакви случаи треба да се означи каде и кога е направена фотографијата и да се напишат барем два-три збора за тоа што таа фотографија го пренесува.
Линк до оригиналниот напис: Од кого се плаши Али Ахмети со пиштол во појасот
Датум и време на објавување: 04.06.2016
Датум на рецензирање: 06.06.2016
Рецензент: Агрон Врангала
Текстот на конкретната вест нема никаква врска со давањето информација преку фотографијата што се споделува со јавноста. Оваа фотографија ја видоа, направи еден круг по социјалните мрежи, но никој од јавноста не разбра ништо. Или, поточно, никој не знае каде, кога, зошто и под кои околности се појавил Али Ахмети на таков начин.
Тој шетал по планина за негов ќеф и патем зел едно „парче железо“ за да се одбрани од ѕверовите?! Или можеби тргнал некаде за да ја испроба функционалноста на оружјето и патем да ја смири носталгијата по годините од војната?! Или зад оваа фотографија можеби се крие некоја друга информација?! Значи, се раѓаат многу прашања од една фотографија која кружи по интернетот, но никој не успева да направи нејзина деконспирација. Покрај ова, прашањето станува попроблематично кога еден или повеќе медиуми на интернет ја земаат и ја споделуваат оваа фотографија и почнуваат да ја ослободуваат фантазијата, правејќи најразлични интерпретации. Тогаш ова веќе е проблем на новинарството, за кој треба да се сноси одговорност. Има две решенија: или да се побара одговор од самиот Али Ахмети за оваа фотографија или да се објави кажувајќи дека не се знае како и кога се појавил господинот Ахмети во ваква форма, значи веста треба да биде без коментар.
Етичкиот кодекс на новинарите вели:
„Партиската или идеолошката заднина на информацијата не смее да влијае во одлуката за нејзино објавување.“
И за крај, авторот на толкувањето на фотографијата оди до таму, што поставува прашање од кого се плаши Али Ахмети, и второ, дава информација дека тој шета вооружен во општина Зајас. Овие две работи во рамките на една реченица, кои ги дели само една запирка, не стојат една до друга ни за атер, бидејќи да носиш оружје не подразбира а приори дека се плашиш од некого и, второ, да има во заднина само неколку карпи и да се рече дека тоа место е Зајас е потешко отколку да погодиш џек-пот на бинго.
Поради оваа причина треба да се внимава со објавувањето на ваквите вести, бидејќи порталите треба да се разликуваат од обичните корисници на социјалните мрежи, кои немаме како да ги осудиме кога се занимаваат со нешта што немаат врска со реалноста или со нешта што може да се потенцијални скандали, но објавени без докази. Во новинарството работите стојат сосема поинаку. Фотографијата сигурно дека го буди интересот на јавноста и заслужува да се објави, меѓутоа без објаснување на околностите, каде и кога е регистрирана таа фотографија, изјаснување на субјектот, дали оружјето се поседува со дозвола или не, причините за носењето итн., немаме вистинска вест.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови