verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фото-вест злоупотребена за пропаганда

on 22 - 06 - 2016       

 vecer

[Рецензија: Марјан е херојот полицаец кој на СДСМ и Шарените им покажа како се сака сопствениот народ]

 

Ова е еден коментаторски текст, кој обична фото-вест ја искористил за ширење пропаганда и за напад врз „Шарената револуција“.

Марјан е херојот полицаец кој на СДСМ и Шарените им покажа како се сака сопствениот народ ВечерЛинк на оригиналниот напис: Марјан е херојот полицаец кој на СДСМ и Шарените им покажа како се сака сопствениот народ

Датум и време на објавување: 21.06.2016

Датум на рецензирање: 22.06.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ДОДАВАЊЕ ЗАЧИН

Уште во самиот наслов на написот се гледа неговата тенденција, а тоа е да се нападнат СДСМ и поддржувачите на „Шарената револуција“ и тие да се претстават како непријатели на македонскиот народ само затоа што протестирале.

Имено, веста во написот е дека полицаец преврзал повреден новинар.

„Марјан од ЕБР, медицинар од прва чета е човекот херој, припадник на македонската полиција, кој синоќа, несебично и хумано му помогна со преврска на едно од повредените лица кои се преставуваат како колеги на новинарите кои ги следат насилните протести на СДСМ и Сорос под капата на т.н. Шарена револуција, дознава Вечер“. 

Но, веста е зачинета со коментари од типот „насилни протести на СДСМ и Сорос под капата на Шарената револуција“. Очигледно целта не е да се стави акцент врз добротo дело и хуманиот потег на полицаецот, туку тој случајот е злоупотребен за да се шири политичка пропаганда.

 

ПОЛИТИЧКИ ПАМФЛЕТ

„Во целата тензична ситуација, овој херој, припадник на македонската полиција, му помогна и го преврза од повредите кои ги здобил во вандализмот на демонстрантите кои се обидуваа да го урнат споменикот на Прометеј во центарот на Скопје.“

Во овој дел од текстот се наведува читателот на мислење дека новинарот ги добил повредите од вандализмот на демонстрантите, иако потврда за тоа нема. Нема изјава од посочениот, како се повредил и кога. Имаме претпоставка која се пренесува како факт.

„Па така,  додека Сорос и СДСМ плаќаат и организираат насилни протести,  македонската полиција застана на браникот на татковината  и ги одбрани спомениците и државните објекти – колку што можеше – а да не предизвика судир меѓу народот што верјатно е и крајна цел на организаторите.“

Тука повторно имаме наведување со сериозни обвинувања дека целта на протестите била да предизвика судир меѓу народот. И тоа повторно станува збор за претпоставка, а не за аргумент со цврсти докази, што само укажува на пропагандните елементи во овој напис.

„На сликата која ја споделија сите медиуми, се гледа како полицаецот Марјан му помага на Човек!“

Нејсно е која е пораката на последната реченица и зошто со голема почетна буква е нагласен зборот „Човек“, но очигледно е дека на фотографијата има човек, а не друго живо суштество.

Написот е целосно новинарски непрофесионален и повеќе потсетува на политички памфлет отколку на новинарски текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

стилски уреден

неповрзан со тагови