verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Фото-одбрана“ со пристрасни коментари не е одбрана

on 12 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

 Gruevski vo Mavrovo

 

[Рецензија: ШТО ПРАВЕШЕ ГРУЕВСКИ ВО МАВРОВО: Додека опозициските медиуми лажеа дека бил на преговори со Џафери, еве што се случуваше во Маврово!]

 

Тенденциозниот наслов е соодветен на содржината на непрофесионалниот текст со фотографии кои се употребуваат за своевиден спин, поточно извртување на вистината за темата која е предмет на интерес.

 

grujo-mavrovoЛинк до оригиналниот напис: ШТО ПРАВЕШЕ ГРУЕВСКИ ВО МАВРОВО: Додека опозициските медиуми лажеа дека бил на преговори со Џафери, еве што се случуваше во Маврово!

Датум и време на објавување: 04.01.2017

Датум на рецензирање: 10.01.2015

Рецензент: Александар Пешев

 

ЦЕЛО ВРЕМЕ ЛИ ШЕТАЛЕ ПО СНЕГОТ?

Преку насловот се тврди дека „опозициските медиуми лажеа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил на преговори со Муса Џафери“. Спорно за ваквиот вид известување преку фото-докази е следново: Дали е исклучена можноста од одредени активности само затоа што се презентирани серија фотографии од Груевски во дадена доба од денот. Поконкретно, на читателот му останува нејасно:

  • Дали за време на целиот престој, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ престојувал со семејството?;
  • Кои се тие опозициски медиуми кои се прозвани за лажење?;
  • Зошто нема официјална изјава од Груевски или Џафери околу нивните наводни активности?;
  •  Како само со фотографиите е утврдено дека одредени медиуми лажат?

Можеби најсуштинското прашање е зошто е составена објавата? Се создаваат сомнежи за политичка пристрасност на текстот, токму поради тоа што медиум се става во функција на демантирање други медиуми.

Авторството на фотографиите не е наведено, со што останува отворено мошне проблематичното прашање дали е обезбедена согласност од родителите за фотографирање на малолетни лица?

 

ОДБРАНА ЗА СВРТУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО?

Ненаведениот извор на фотографиите дополнително создава сомнежи дека медиумот се користи за лична промоција на лидер на политички субјект за да се оттргне вниманието од одредени настани, а текстот кој се наоѓа под фотографиите оди во прилог на ваквите сомнежи:

„Груевски со своето семејство новогодишните денови ги помина во Маврово каде што се одмараше и поминуваше квалитетно време со своите најблиски“. 

Коментаторските елементи, вплетени во единствениот факт дека експремиерот бил излезен со семејството, се јасно забележливи, што сведочи за едностраноста на текстот:

„И додека опозициските медиуми спинуваа дека Груевски деновите во Маврово ги поминува преговарајќи со Муса Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во суштина уживаше во снежните денови со своите ќерки Анастасија и Софија“.

Не се појаснува зошто Груевски би се среќавал со Џафери, а отсуството на извори на вакви тврдења, барем преку линкови до прозваните медиуми, го прави текстот несеопфатен.

Сè на сè, имаме непрофесионална еднострана објава со коментари кои не се издвоени од единствениот факт, спинуван на начин на кој се брани посочен политичар од наводни напади од неименувани медиуми.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

наведен автор и извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови