Фото-коментар наместо фото-вест
Објавено во Рецензии
on 20 - 09 - 2016 Автор: Димитар Тануров
Текстот повеќе наликува на чаршиски муабети, отколку на сериозен новинарски произвoд. Во него се изнесени одредени информации, базирани врз фотографиии, но не се проверени, а наместо проверка, тие се коментираат и се прави обид да се направи спин.
Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) НАЧАЛНИК НА ПОЛИЦИЈА СО НАРЕДБИ ОД ВМРО-ДПМНЕ
Датум и време на објавување: 16.09. 2016
Датум на рецензирање: 19. 09. 2016
Рецензент: Димитар Тануров
Самиот наслов е своевидна најава за тоа каков текст може да се очекува. Изнесеното тврдење не е лоцирано, односно не се наведува кој го тврди тоа, поради што се добива впечаток дека тоа е заклучок на авторот, односно медиумот.
„Познат началник на полиција кој бил поставен по партискиот клуч на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше забележан како влегува во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ“.
Текстот се темели на неколку фотографии, на кои се гледа униформирано лице пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, како држи в рака некои документи. Во главата на веста се наведува дека станува збор за познат началник на полиција, кој бил ставен по партиска линија, но не се идентификува началникот.
Во следниот пасус се дава класичнен коментар за владејачката партија, со кој се прави обид да се направи спин. Потоа во прво лице, како авторот да е лично присутен, се наведува дека „началникот“ бил забележан како влегува во партијата со празни раце, а кога излегол со себе носел некакви „документи“.
Сепак, подолу во текстот се наведува дека авторот лично не бил присутен на настанот, туку дека фотографиите се добиени „од граѓани“ и сите понатамошни тврдења се, всушност, изјави на очевидци, кои не се идентификувани ниту, пак, е наведено дека побарале да останат анонимни.
Ваквиот начин на информирање е спротивен на новинарските стандарди, пред сè затоа што „познатиот началник“ не е идентификуван, а доколку му е познат на авторот, тогаш треба да се побара објаснување од него во која функција го посетил штабот, која била целта на посетата и доколку станува збор за посета како приватно лице, зошто бил во униформа. Без овие елементи, информацијата наликува на озборувачки соседски муабет, а не на новинарски производ.
Насловот е сугерирачки и манипулативан, бидејќи не е поткрепен со ниту еден доказ. Самите фотографии врз кои се потпира овој микс од фото-вест и од коментар, не се доволно јасни ниту, пак, оддават посериозна информација, освен дека униформирано лице влегло и излегло од штабот на партијата.
При пишување на информација, новинарот мора да ги следи професионалните новинарски стандарди, да ги почитува новинарските жанрови, кои имаат јасна дефиниција, што е вест, што е коментар и кои елементи треба да ги поседува, но и да се почитува Кодексот на новинари. Во случајов прекршени се неколку члена од Кодексот:
Член 1.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Член 4.
Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.
Член 13
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
Не може да се утврди
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови