verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Формиран „Новинарски пленум“

on 24 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

новплен

Повеќе истакнати новинарски имиња го формираа „Новинарски пленум“. Во продолжение ви го пренесуваме првото официјално соопштение на пленумот, објавено на официјалната фејсбук-страница, која можете да ја поддржите на следниот линк.

 

Зошто Новинарски пленум?

Пленумот стана симбол за граѓанско будење и покренување акции за промена на состојбите во државата. Студентите како најпрогресивна сила во општетството со право станаа предводници на тие промени, на кои се приклучуваме и ние.

Соочени со сложеноста на ситуацијата во државата во која информирањето на јавноста игра огромна улога, чувствуваме потреба да не стоиме на страна од случувањата и да ја потенцираме одговорноста во вршењето на новинарската професија. Во моментот со упад во професијата и злоупотреба на новинарските принципи се случува „злосторство во ударните термини“. Јавноста воопшто не е информирана за важни случувања од општествно политичкиот живот, таа е дезинформирана и изманипулирана.

Во овие вонредни услови на криза во државата, особено е сензитивна улогата на МРТВ како јавен сервис кој што не ја исполнува својата цел – почитување на јавниот интерес и информирање на граѓаните. Оттука, како Новинарски пленум потсетуваме на одговорноста особено на јавниот сервис во доставување непристрасни и балансирани информации до граѓаните со што има една од клучните улоги во разрешување или натамошно продлабочување на кризата. Не навлегувајќи во мотивите за злоупотреба на професијата, повикуваме дезинформирањето и пропагандата веднаш да запрат и да отстапат пред јавниот интерес и непристрасното информирање.

Долго време се соочуваме со етикетирање и поделби во професијата на новинари кои наводно ја поддржуваат власта и оние кои ја подджувале опозицијата. Оваа прилика ја користиме да нагласиме дека ова се лажно креирани перцепции чија единствена цел е дискредитирање на интегритетот на нашата професија. Единствената поделба е на професионалци и непрофесионалци. Затоа остро се спротиставуваме на упадот извршен во професијата, а поддржан директно од владеачките структури.

Истовремено, ги поддржуваме активностите на генерал Стојанче Ангелов за „ослободување“ на „окупираниот“ јавен сервис МРТВ и неговата иницијатива ја разбираме како граѓанска мобилизација во обид да се обезбеди уставно загарантирано право на граѓаните да бидат информирани, а не да бидат дезинформирани и изманипулирани или да им се ускратуваат важни информации. Во едно демократско општество партиципативната улога на граѓаните е суштинска во функционирање на таа демократија.

Непрофесионалниот однос на уредничкиот тим во МРТВ доведува не само до продлабочување на кризата туку и до крајно понижување на професијата.

Со почит
Новинарски пленум

(следат имиња на 36 новинари)