Фејсбук-статус не е вест
Објавено во Рецензии
on 1 - 02 - 2017 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: ТИ СИ ЕГО МАНИЈАК: Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев]
Текстот што го рецензираме е политички мотивиран и има цел да ја дискредитира најголемата опозициска партија во земјава, нагласувајќи дека старите партиски членови, наводно, биле многу незадоволни од нејзините политики.
Линк до оригиналниот напис: ТИ СИ ЕГО МАНИЈАК: Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев
Датум и време на објавување: 26.01.2017
Датум на рецензирање: 01.02.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
САМОПОСЛУЖУВАЊЕ ОД „ФЕЈСБУК“
Проблемот во овој напис е што ги генерализира работите, а неговата основа, всушност, е фејсбук-статус на една личност.
„Не стивнува незадоволството од членовите и симпатизерите на СДСМ за политиките кои ги води нивниот лидер Зоран Заев. Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски преку социјалната мрежа Фејсбук им порачува на Заев дека е доста со евтините трикови и глумата, нарекувајќи го его манијак“.
Ако некој напишал нешто на социјалната мрежа „Фејсбук“, не значи дека тоа е вест. Исто така, ставот не една личност не може да се преточи во став на повеќе личности. Тоа е новинарски непрофесионално.
Во македонските медиуми оваа практика почна многу често да се применува. Се зема фејсбук-статус и тој се пласира како вест, без притоа новинарскиот производ повеќе да се осврне на напишаното.
Во случајов, требало прво да биде побарана дозвола од Мицковски за објавување на неговиот став и, второ, требало да биде прашан од што произлегува ваквото негово мислење, односно, наместо да се прави „копи-пејст“ на објавата на „Фејсбук“, да се земе негова изјава.
Новинарството е токму тоа – да се пренесе вест и таа да биде поткрепена со изјави и со информации. Ако веќе се сака да се пишува за незадоволството на повеќе стари членови на СДСМ, тогаш треба тие „стари“ членови да се побараат и да се земе изјави и од нив.
Дека статусот на Мицковски е злоупотребен и ставен во контекст на политичка пропаганда, говори и неговата реакција, исто така преку „Фејсбук“. Но, секако, ваквиот негов став не е пренесен во текстот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови