Фејсбук-статус искористен за спин
Објавено во Рецензии
on 23 - 02 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја]
Овој напис не е вест, туку е преземен фејсбук-статус кој е пренесен како новинарски производ. Материјалот е спинерски и преку фотографии ги манипулира читателите, за да дискредитира високи функционери на СДСМ, но и претставници на „Шарената револуција“ и нивни поддржувачи.
Насловот „Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја“, е тенденциозен има цел да ги поврзе спомнатите кафулињата со нелегални дејства и да ги оцрни, но и да привлече и поголем број кликнувања.
Линк до оригиналниот напис: Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја
Датум и време на објавување: 20.02.2017
Датум на рецензирање: 22.02.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
СО ЛЕСНОТИЈА ИСКАЖАНИ СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА
„Утре е прогласен ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет. Нема да има редовен дотур на бела прашкаста материја и други облици на производи за халуцинации. #правдазаСетко“, напиша синоќа Миленко Неделковски на својот Фејсбук профил“.
Ова е објава на „Фејбук“ на водителот Миленко Неделковски, која е преземена и пренесена како ударна вест. На тој начин, не само што е прекршен Кодексот за новинарите и што се прескокнати новинарските стандарди, туку е објавено и сериозно обвинување.
Имено, кафулињата што се спомнуваат во написот се поврзуваат со нелегални дејства, како што е продажбата на дрога. Притоа, нема никакви докази за тоа, туку целото тврдење се потпира на нешто што е напишано на „Фејсбук“.
Понатаму, во текстот се прави голема манипулација преку објавените фотографии. Имено, на фотографиите се гледаат високи функционери на СДСМ како седат во посочените кафулиња, а има и фотографија од поддржувачи на „Шарената револуција“.
На тој начин, тие се поврзуваат со она што Неделковски го напишал за да изгледа дека посочените се корисници на дрога, што исто, така е сериозно обвинување за кое и тоа како може да се заработи тужба.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови