Статус на „Фејсбук“ не е доказ дека има нова влада
Објавено во Рецензии
on 23 - 02 - 2017 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: ГОТОВО Е! ЧЕСТИТО НОВА ВЛАДА НАРОДЕ! ДУИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ СО СДСМ! Директорот на Цивил, Џабир Дерала објави на ФБ!]
Текстот што го рецензираме ја дезинформира јавноста за формирањето нова влада, повикувајќи се на статус објавен на „Фејсбук“, од страна на првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала. Написот не је зема предвид изјавата од портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој на 22 февруари вечерта изјави дека „централното претседателство на ДУИ нема да донесе никаква одлука во однос на тоа дали ќе му се дадат потписите на СДСМ за состав на нова влада или не“. Тој најави дека дебатата во партијата ќе биде маратонска и не ја исклучи можноста работната група на ДУИ да почне да преговара со работната група на СДСМ во однос на некои прашања за кои не се надминати разликите. Професионално исправната новинарска практика налага дека статус на „Фејсбук“ не смее да биде единствен извор за пишување текст.
Линк до оригиналниот напис: ГОТОВО Е! ЧЕСТИТО НОВА ВЛАДА НАРОДЕ! ДУИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА КОАЛИЦИРАЊЕ СО СДСМ! Директорот на Цивил, Џабир Дерала објави на ФБ!
Датум и време на објавување: 22.02.2016
Датум на рецензирање: 23.02.2017
Рецензент: Силвана Жежова
НЕПРОВЕРЕНА ИНФОРМАЦИЈА
На самиот почеток на текстот се вели дека „ директорот на невладината ЦИВИЛ, Џабир Дерала важи за добро информиран“, и тоа треба да биде „гаранција“ дека неговата објава на „Фејсбук“ дека формирана е нова влада, е стопроцентно точна и може да се пласира како вест!
Овој статус на „Фејсјбук“ може да послужи само како основа за проверување на изнесени тврдења. Односно, информацијата треба да се потврди од релевантни извори од двете партии, а во конкретниот случај тоа не е направено.
Во оваа куса вест од само две реченици, има и говор на омраза, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ се нарекува „фашистичка“ .
„Директорот на невладината ЦИВИЛ, кој важи за добро информиран со блиски конекции во раководството на сите поголеми македонски партии, со исклучок можеби на фашистичката ДПМНЕ, пред неколку минути одбјави на фб – ЧЕСТИТО НОВА ВЛАДА!“
Насловот е предолг, сензационален и дезинформирачки:
„Ова значи дека ДУИ само што донеле одлука да се коалицира со СДСМ, тие во моментов заседаваат во своето седиште во Мала Речица“.
Наспроти ваквото тврдење, ДУИ нема донесено таква одлука во моментот на објавувањето на написот.
Текстот е несеопфатен и не нуди факти за она што го тврди, бидејќи освен објавен статус на „Фејсбук“, нема други докази дека е формирана влада. Ова е само уште еден шпекулативен текст за судбината на идната влада, за која, според информациите на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, ќе се решава в петок, на 24 февраури (2017).
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови