verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фалбаџиски текст за „неуморниот“ Груевски

on 6 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

republika

[Рецензија: По интензивната агенда на терен, Груевски со пријателите на партија баскет (фотогалерија)]

 

Ова е еден фалбаџиски и популистички текст, кој од една обична информација, направил одлична реклама за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

По интензивната агенда на терен Груевски со пријателите на партија баскет фотогалерија Република OnlineЛинкуван наслов на анализираниот напис: По интензивната агенда на терен, Груевски со пријателите на партија баскет (фотогалерија)

Датум и време на објавување: 05.06.2016

Датум на рецензирање: 06.06.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

РЕКЛАМА ЗА ГРУЕВСКИ

„По интензивната дневна агенда во која оствари средби со граѓани и изврши увид во реализацијата на повеќе проекти во кочанскиот регион, селата Оризари и Подлог, Груевски најде време и за дружба со пријателите. Овој пат тоа беше кошарка, при што покажа дека освен фудбалот добро се снаоѓа и во баскетот“.

Од обична информација, дека Груевски изиграл партија баскет со пријателите, направена е фалбаџиска објава, за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да се претстави како многу вреден и неуморен. Од друга страна, се истакнува и неговата вештина во спортот, не само за фудбал, туку и за кошарка.

Иако на фотографиите можат да се забележат и некои министри, сепак, акцентот целно е ставен на Груевски.

Написот нема проблем со вистинитоста, но проблемот е што тој е правен наменски, во популистички манир и изгледа како текст за политички маркетинг, скроен по мерка на владејачката партија.

Со ваквиот начин на обработка и на пласирање на оваа нагласено пристрасна објава е прекршен членот 14 од Кодексот на новинари во кој, меѓу другото, е наведено дека:

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови