verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Fake news“? Да, повелете!

on 8 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 250 - Lajmi i fundit_ Gruevski pranon Platf_ - http___www.tetovasot.com_2017_01_g

 

Напис: Последна вест – Груевски ја прифаќа aлбанската платформа

Се очекува Македонија да ја состави својата нова влада по постигнување договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги прифатил условите на Демократската унија за интеграција и Платформата на Албанците, пренесува „Тетовасот“.

Груевски ги прифатил сите барања на албанската страна, вклучувајќи го и барањето за албанскиот јазик како официјален јазик во Македонија и негова употреба на сите нивоа на администрацијата./Тетовасот/

 

[Рецензија: „Последна вест: Груевски ја прифаќа албанската платформа“]

Трендот што во последно време на големо се дискутира меѓу научниците што се занимаваат со проучување на медиумите cе „fake news“ или лажните вести. Причината за ова е што со масовизацијата на новите медиуми (не само во нивното производство, туку и користење) и борбата за гледаност, односно читаност, зголемен е и бројот на лажни вести или дезинформации.

[Recension: “Lajmi i fundit: Gruevski pranon Platformën shqiptare”]Линк до оригиналниот напис: „Последна вест: Груевски ја прифаќа албанската платформа

Датум и време на објавување: 29.01.2017

Датум на рецензирање: 04.02.2017

Рецензент: Агрон Врангала

За „fake news“ или лажни вести се сметаат тие вести што имаат за основа една истакната невистина, но што за чудо се консумираат од публиката. Ова не мора да значи дека сите вести што достигнуваат висока гледаност се убедливи за публиката. Сепак, тие се присутни во јавноста и конкурираат на рамноправен начин со потврдените вести.

Доколку се направи преглед кај нашите медиуми, лажните вести ги има во прилично голем број. Најголемиот дел од нив не се сто отсто лажни, но имаат нијанси или неколку елементи кои се невистинити, што потоа се прикачуваат на еден факт или вистинска вест. Но, има случаи кога и целата вест е лажна. Исто како во оваа вест што ја рецензираме.

Тука се вели дека Македонија е пред формирање нова влада и дека Никола Груевски ги прифатил условите на Демократската унија за интеграција и албанската платформа во целост, и како следно се очекува да се формира парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Несомнено, тие што ги следат настаните на денот, сфатија дека станува збор за една содржина која не се основа на реалноста. Самиот факт дека веста не поседува ниту една директна или индиректна насоченост кон изворот, што би придонело да се цени како релевантна, сведочи за нејзината невистинитост.

Секако, прв или меѓу првите што ја објавија оваа вест беше телевизијата „Топ ченел“ од Албанија. На порталите толку им требаше: „Го кажаа на Топ ченел, побрзајте“. Сепак, оваа вест, иако извираше од една од најсигурните телевизии во Албанија, но, главно ја пренесоа медиумите на албански јазик во регионот, никогаш не требаше да се смета за свршен чин, како да нема што повеќе што да се чека и како веста да можеше да се објави без размислување.

Станува збор за еден целосно инцидентен случај и би било многу претерано доколку се направи една констатација од типот дека „Топ ченел“ е медиум што објавува лажни вести. Оваа констатација би произлегла доколку тој медиум се нашол неколкупати во ваква ситуација. Само поради една таква вест што стана толку позната, не може да се етикетира една телевизија со вакви квалификативи.

Причините за професионалната грешка уште не се знаат. Може тоа да била една нарачана вест или измама што дошла од „сигурниот извор“, но може и самиот репортер да избрзал малку со идејата, за да се биде ексклузивен. Како и да е, во ниеден случај не се оправдува масовното копирање и споделување на една лажна вест.

Кога станува збор за појавата „fake news“, навистина е одлична можност за да се даде еден вид (неапсолутна) констатација за тоа како се промениле времињата и колку е лесно денес таква вест да стигне до рацете на секој читател и дури и да стекне доверба бидејќи се цитира медиум кој ужива голема доверба кај гледачите.

На нашите портали има стотици такви вести, во повеќето случаи се оригинални производи, а не позајмени од некој конвенционален медиум, како што е тој во конкретниот случај. Но, во никој случај не треба да се амнестираат вестите на македонските телевизии, и не само тие. Сега секому е јасно и би било патетично да се каже дека целата вина им припаѓа на интернет-медиумите, а од друга страна да се амнестираат телевизиските канали во нашата земја, наводно, секогаш исправни и точни во тоа што го кажуваат.

Ние, новинарите во Македонија, честопати, со доза хумор велиме дека „медиумите во Македонија се плурални и секоја политичка партија ги има своите медиуми!“ Овие подбивни констатации, иако вистинити, не треба да се сфатат на песимистички начин и да се каже: „Во ред, доколку слободниот медиум е илузија, тогаш кои сме ние за да го смениме тоа?“ Апсолутно, не! Секогаш има надеж за промени, само треба трпение, сè додека на чело на медиумите не дојдат луѓе кои ќе ја гледаат политиката како област иста со другите области и дека таа служи за да се зголеми производството на вести, а не за да се зголеми сумата на жиро-сметките на медиумите и на новинарите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

комерцијална пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови