Евтино новинарство
Објавено во Рецензии
on 7 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: ПРОТЕСТ ЗАРАДИ ПРОТЕСТ: На барањата на „шарените“ преку ноќ се прилепи и ГТЦ]
Во оваа медиумска содржина, меѓу другите, најголем проблем ми претставува вистинитоста. Да тргнеме од првата пласирана теза:
„Во опозициските кругови се зборува дека дошло до сериозно разединување помеѓу „шарените“ и раководството на СДСМ“.
Едно вакво тврдење без наведен извор, навистина ја доведува во прашање вистинитоста на информацијата. Всушност, целиот текст е направен без ниту еден извор и тоа го предизвикува следниот недостаток на овој медиумски пакет – содржајноста.
Таа, содржајноста, не може да се постигне кога немате разноличност и избалансираност на изворите на информации.
Линк до оригиналниот напис: ПРОТЕСТ ЗАРАДИ ПРОТЕСТ: На барањата на „шарените“ преку ноќ се прилепи и ГТЦ
Датум и време на објавување: 06.07.2016, 10:58
Датум на рецензирање: 07.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ГОВОР НА НЕТОЛЕРАНЦИЈА
Она што го има текстот се пристрасност, коментирање и манипулативна фотографија, а сите тие фактори на непрофесионалното новинарство придонесуваат да се користи говор на нетолеранција.
Да почнеме од последното: говорот на нетолеранција, кој произлегува од очигледната политичка пристрасност на текстот. Препознавајќи ги овие тенденции во новинарството, Кодексот на новинарите се обидува да предупреди на тој феномен со членот 10, во кој се вели:
Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Едно од човековите права, кај нас загарантирано и со Уставот, е правото на протест. Без разлика на политичката или каква било друга мотивација.
Оттаму, во медиумски текстови кои се раководат од овие принципи, не е можно да најдете интегрирани, скриени, коментари. Тоа го наложува и членот 13 од Кодексот на новинарите:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
ПОЛИТИЧКИ МОТИВИРАН ТЕКСТ
Текстот што го рецензираме го пренебрегнува ова правило и е полн со коментари. Тоа го прави политички определен, иако и тоа е спротивно на Кодексот, бидејќи тој во членот 14 наложува „новинарот да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“.
И тоа не е сѐ. Соодветен придонес кон манипулативноста и политичката пристрасност на овој текст дава и фотографијата, која треба да сугерира дека ГТЦ е грд објект кој треба да биде барокизиран.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
Делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
селективно наведен автор (извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови