Евтина политичка драмолетка
Објавено во Рецензии
on 29 - 01 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Катица на дело ја реализира политиката „Ќе јадеме живи луге“, тајна средба со Заев]
Кога ќе го погледнете прилогот што го рецензираме, она што прво ќе ви падне на памет е дека ова не е новинарство туку фикција. Фикција е зашто нема ниту еден елемент од професионалното новинарство што оваа содржина ќе ја идентификува со стандардизирана журналистичка содржина.
Линк до оригиналниот напис: Катица на дело ја реализира политиката „Ќе јадеме живи луге“, тајна средба со Заев
Датум и време на објавување: 27.01.2016, 18:00
Датум на рецензирање: 28.01.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ФАНТАЗМАГОРИИ БЕЗ ОСНОВА
Освен „од наши извори“, нотирано само на едно место во оваа медиумска творба, нема ниту еден извор кој соодветно ќе потврди дека оваа сторија има реални основи. Тоа произлегува од првиот, суштествен, член на Кодексот на новинарите кој препорачува:
Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Тука не е испочитувано ништо од принципите на членот 1 од Кодексот на новинарите. Оваа содржина не се ни обидува да објасни дека се работи за шпекулации. Напротив. Приказната е сплетена како да се работи за апсолутни факти, а за тоа нема никакви докази ниту, пак, навестувања дека има докази кои ѝ се познати на редакцијата.
Како што рековме, напротив. Исплетена е приказна достојна за некоја евтина политичка драмолетка составена од инсинуации, непоткрепени сценарија, фантазмагории без основа, клеветнички наводи и содржина која вознемирува.
Еден крајно пристрасен новинарски производ, сосема спротивен на неопходноста од дистанца, како што налага членот 14 од Кодексот:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови