Етичкиот кодекс на МРТ како „тоалетна хартија“
Објавено во Рецензии
on 24 - 02 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Средба на лидерската четворка]
Вечерниот ТВ-дневник на националната телевизија на 21 февруари го повреди сопствениот кодекс, Етичкиот кодект на МРТ. Во екот на расправата за медиумските реформи, МРТ ги подготви и ги испромовира професионалните и етички стандарди на вработените во јавниот медиумски сервис, од кои поголем дел се однесуваат на новинарите и на нивната работа. Но, еве, не поминаа ниту цели два месеци, а беа прекршени најмалку два значајни члена од нивниот кодекс. Телевизијата сокри факт. Односно, неточно информираа дека на 21 февруари на лидерската средба биле присутни сите четворица претседатели на најголемите политички партии во земјата. Премолче дека на таа средба не беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Линк до оригиналниот напис: Средба на лидерската четворка
Датум и време на објавување: 21.02.2016, 19:32
Датум на рецензирање: 23.02.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
Во централниот вечерен дневник, во 19.30 часот, презентерката на вестите најави:
„Претседателите на четирите најголеми политички партии во земјата разговараат со амбасадорите во Клубот на пратениците…“
По оваа невистина во најавата, следува извештајот на репортерот, кој телефонски известува дека:
„Штотуку заврши средбата на лидерите на четирите партии, потписнички на договорот од Пржино…“
Сето ова се случува во интервалот на вестите од 1.50 до 3.27 минута.
Со таквата постапка, како што веќе рековме, се прекршени најмалку два члена од нивниот, сопствен Кодекс.
Тоа се членовите 20 и 24 од главата на Кодексот кој носи наслов: „Објавување информации на програмите на МРТ“.
Во членот 20 се вели:
Информациите мора да бидат точни, вистинити, објективни, целосни и веродостојни.
Информациите мора да се темелат на вистинитост на податоците и фактите и нивно објективно претставување и вреднување во прилогот и во емисиите.
Безусловно е забрането секое планирање, подготвување или објавување дезинформации, односно делумно или наполно ширење лажни, измислени информации.
Информациите мора да бидат проверени.
Информациите мора да се состојат од факти чијашто точност е проверена…
Дури и сите ставови од овој член се прекршени. Тоа е навистина неодговорно.
Член 24, пак, ги дополнува и прецизира одредбите од членот 20 и нагласува:
Новинарот мора да биде коректен. Вести, извештај, прилог или емисија не се коректни ако:
– не содржат целосни информации;
– не ги вклучуваат сите достапни и објективно важни факти;
– вклучувајќи неважни факти, кои во недостиг од суштински факти ја менуваат смислата, пораката и впечатокот;
– на разни начини ги доведуваат гледачите во заблуда;
– содржината на зборовите, видеоснимката, тонот, гестовите, знаците или обележјата оддаваат пристрасност.
Зошто се случи ова, никому не му е јасно. Уште повеќе кога веќе целата јавност преку другите средства за информирање и, пред сè, интернетот, веќе знаеше дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е на таа средба.
Сега е на потег Етичката комисија на Националната телевизија, исто така, предвидена со овој кодекс. Таа поведува постапки доколку опфатените со овој кодекс прекршиле некој од неговите принципи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
Делумно
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови