Есапот во новинарството се расипува од коментари пласирани во вест
Објавено во Рецензии
on 30 - 11 - 2016 Автор: Agron Vrangalla
Напис: Усеини од ДПА ѝ го расипа есапот на ДУИ во Делогожди
Адвокатот Адриан Усеини, кој ќе се трка за ДПА во петтата изборна единица, уште од неговиот прв говор, ја нагласи гордоста за неговото потекло и место на раѓање Делогожди, придобивајќи ја симпатијата на неговите соселани, кои долго време очекувале еден кандидат за пратеник од нивното село.
Структурите на ДУИ континуирано „инвестирале“ во ова населено место давајќи им функции на неколку поединци од ова село, но освен личните придобивки, општиот интерес и особено инфраструктурата во ова населено место, стагнирале со времето останувајќи целосно надвор од вниманието на власта, пишува порталот „Дрини“.
Кандидатурата на адвокатот Усеини, имајќи ги предвид горенаведените информации, но и неговиот семеен круг, изгледа овојпат ѝ ги расипал „есапите“ на ДУИ, која ова населено место го сметала за свој бастион за овој изборен процес.
[Рецензија: „Усеини од ДПА ѝ го расипа есапот на ДУИ во Делогожди“]
Не е обична работа да се одржи еден вид рамнотежа во известување и во претставување на сите политички партии од страна на медиумите. Особено сега, кога во Македонија има многу политички партии и се наоѓаме во предизборен период.
Линк до оригиналниот напис: Усеини од ДПА и го расипа есапот на ДУИ во Делогожди
Датуми време на објавување: 16.11.2016
Датум на рецензирање: 23.11.2016
Рецензент: Агрон Врангала
Интересно е како вработените во порталите се позиционираат покрај политичките партии токму тогаш кога најмалку треба да го направат тоа. Се создава еден впечаток како самите лидери на политичките партии да стојат зад овие написи.
Овде се спомнува еден кандидат на ДПА, кој се кандидира во петтата изборна единица. Во текстот се кроени пофалби за него, велејќи дека со еден единствен говор кандидатот ги освоил срцата на жителите на село Делогожди. Недостига уште само реченицата или насловот од видот „И Хитлер би му завидувал на Усеини кој ја маѓепса публиката во Делогожди“.
Од друга страна е спомната ДУИ, но во еден сосема спротивен контекст. Според тоа што е напишано, оваа партија се обидела да корумпира дел од жителите на ова место, но дека, сепак, инфраструктурата во ова место останала надвор од вниманието на владата. Оваа констатација може да биде и многу точна, но работата е дека не требало воопшто да има таква констатација без да се докаже со факти или преку одреден извор. Ова е коментар и на новинарот му е забранета оваа практика. Можел да се обезбеди некој став од жителите на Делогожди кои би ги изразиле нивните жалби и загрижености што ги имаат кон ДУИ и власта.
Кандидатот Усеини, според авторот, ѝ ги расипал есапите на ДУИ. Гледајте колку отворено новинарот ја изразува својата аверзија кон партијата на власт и неговата симпатија кон кандидатот на ДПА. Вака изгледаат како мали пропусти што секој ден се прават од порталите, но ова е многу поголем проблем, што кажува за тоа како се сменети времињата и медиумите и колку станало лесно да пишуваш што сакаш, без никој ништо да ти рече и без никаква одговорност. Истовремено, ова зборува и за неверојатно лесниот пат на пласирање на информацијата на интернет.
Понатаму, вреди да се напомене дека секој објавен напис во рубриката за вести треба да биде ослободен од проценки и од мислења според личните впечатоци. Во проектот за верификација на факти во медиумите, оваа порака е нагласена стотици пати, но има медиуми што продолжуваат по старо, играјќи ја улогата на партиски портпароли.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови