verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ермира го заслужува правото да се изјасни!

on 26 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #137 - 'Ermira mendon se Ivanovi nuk e meriton, të jetë President (foto) I FAKTE_NET' - www_fakte_net_ermira-mendon-se-ivanovi

Напис: Ермира мисли дека Иванов не заслужува да биде претседател

Сега веќе светски познатата пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, во еден нејзин пост се изјаснила дека Иванов не заслужува да биде претседател. Таа ја пренела веста од мрежата на „Би-би-си“ со наслов „Корупцијата во Македонија: Иванов не отстапува од помилувањето“, пишувајќи :„Не сум го гласала, не ми се допаѓа, не е мој претседател“, пишува „Факте“.

Симпатичната пратеничка, меѓутоа, не објаснува зошто таа и нејзината партија имаа директно влијание за Ѓорге Иванов да биде 10 години на чело на нашата земја? Првиот пат, симнувајќи го цензусот за излез од 50 отсто на 40 отсто во 2009 година и вториот пат, распишувајќи ги и парламентарните и претседателските избори за ист ден во 2014 година.

Овојпат на Албанците им се јасни измамничките игри на Ермира и на нејзината партија, од која таа излегува и влегува во зависност од дневното расположение, затоа им е јасно дека ДУИ не заслужува повеќе. „Факте.нет“

 

[Рецензија: Ермира мисли дека Иванов не заслужува да биде претседател]

Новинарот не смее да биде тенденциозен! Тој има право да известува и да употребува сатира меѓу редови, но не и да поврзе други настани со целосно други прашања. Непрофесионалниот пристап на авторот во овој напис почнува уште од првата реченица: „Пратеничката на ДУИ сега и светски позната…“, овој почеток, како и употребата на зборовите „заслужува“, зборуваат многу и читателот знае каде сака да излезе авторот со оваа реченица. Се разбира дека овде целта на новинарот била да ги потсети читателите повеќе на телефонскиот скандал, каде што наводно разговараат двајца функционери од ДУИ (Ермира Мехмети и Муса Џафери), отколку да информира за ставот на пратеничката Ермира Мехмети за претседателот Иванов.

Авторот направил добро што се фатил за оваа вест бидејќи покренува важни прашања за јавноста, како таа за контрадикторниот став на ДУИ кон претседателот Иванов. Меѓутоа, не е дел од професионалното новинарство, а ниту од новинарската етика, да се реактуелизираат прашања што немаат врска со реалноста, поврзувајќи ги на различни начини со тенденциозни намери.

„Сега веќе светски познатата пратеничка на ДУИ, Ермира Мехмети, во еден нејзин пост се изјаснила дека Иванов не заслужува да биде претседател. Таа ја пренела веста од мрежата на „Би-би-си“ со наслов „Корупцијата во Македонија: Иванов не отстапува од помилувањето“, пишувајќи : „Не сум го гласала, не ми се допаѓа, не е мој претседател“, пишува „Факте“.

Ermira mendon se Ivanovi nuk e meriton fullscreenЛинк до оригиналниот напис: „Ермира мисли дека Иванов не заслужува, да биде претседател”

Датум и време на објавување: 16.04.2016

Датум на рецензирање: 17.04.2016

Рецензент: Aдриан Керими

Авторот е одговорен за јавно кажаниот збор. Тој, најмалку во жанрот на вестите, не е оценувач за убавина. За тоа колку е симпатична пратеничката Мехмети знае јавноста и нема никаква потреба новинарот да излезе од рамките на новинарството и да премине во новинар од жолтиот печат.

Следниот пасус отвара уште повеќе дилеми. Во случај да имало некој недостиг на објаснување од страна на ДУИ, тогаш новинарот токму овде има причина да побара став од пратеничката Мехмети во врска со цензусот и со ставот на ДУИ кон претседателот Иванов, за кого сите веќе знаеме дека е недефиниран и неодреден како што треба.

„Симпатичната пратеничка, меѓутоа, не објаснува зошто таа и нејзината партија имаа директно влијание за Ѓорге Иванов да биде 10 години на чело на нашата земја? Првиот пат симнувајќи го цензусот за излез од 50 отсто на 40 отсто во 2009 година и вториот пат распишувајќи ги и парламентарните и претседателските избори за ист ден во 2014 година“. 

Сосема на крај, текстот ја испушта новинарската одговорност и преминува на коментари и на заклучоци, што не се прават во вести. Не е улога на новинарот да кажува дали на Албанците им е или не им е јасно какви игри прави ДУИ, туку да ги открие фактите. Јавноста е таа што треба да оцени дали имало некоја игра или не.

„Овојпат на Албанците им се јасни измамничките игри на Ермира и на нејзината партија, од која таа излегува и влегува во зависност од дневното расположение, затоа им е јасно дека ДУИ не заслужува повеќе“.

За крај, да го потсетиме непознатиот автор на текстов на неколку правила од Етичкиот кодекс на новинарите.

Новинарите имаат право да имаат свое мислење, став и проценка, но не смеат нивните мислења да ги камуфлираат како да се факти.
Треба да бидат јасно поделени, кои се факти, а кои информации, кои се коментари, претпоставки или ставови на авторот, за да се избегне дезиформирање и манипулација со јавноста.
Новинарот треба да ги има предвид моралните стандарди на јавноста на која ѝ се обраќа. Новинарот не треба да употреби недолични, вознемирувачки и порнографски содржини во неговата работа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови