Ем позајмен напис, ем прикрива информации
Објавено во Рецензии
on 19 - 11 - 2015 Автор: Оливера Војновска
[Рецензија: Познат Македонец уапсен во САД]
Веста што е пред нас само половично информира дека „познат Македонец е уапсен во САД“. Таа прикрива дека станува збор за синот на првиот премиер на независна Македонија.
Линк до оригиналниот напис: Познат Македонец уапсен во САД
Датум и време на објавување: 17.11.2015, 07:50
Датум на рецензирање: 18.11.2015
Рецензент: Оливера Војновска
ЦЕНЗУРИРАНО
Написот нема проблем со вистинитоста, пренесува точна информација. Ама таа е нецелосна – премолчено е дека се однесува на синот на Никола Кљусев, информација која беше објавена уште претходниот ден.
Овој материјал, според формата во која е пласиран, најверојатно, заедно со насловот е „позајмен“ од еден друг медиум.
Меѓутоа, во текстот што го рецензираме недостига првата реченица, која истовремено е и поднаслов, а во која се вели:
„Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, бил уапсен во САД под обвинение за „нелегално дистрибуирање наркотици“ објави „Ферфилд дејли војс“, пренесува агенцијата Мета.“
И, овој пасус, несомнено, не е пропуштен од невнимание, туку намерно е исечен за да не допре до јавноста целата вистина.
Тоа е потег што се коси со принципите на новинарскиот Кодекс, каде, меѓу другото, е наведено дека право и должност на новинарот е да ја спречи цензурата.
Од друга страна, пак, текстот не посочува презицно од каде е добиена ваквата информација. Имено, иако за илустарција е употребен принт-скрин од оригиналната вест објавена во „Ферфилд дејли војс“, сепак, во содржинскиот дел на написот тоа воопшто не се споменува. Што, исто така, претставува пропуст.
Па, гледано во целина, на читателите им е понудена една „осакатена“ и непрофесионално пласирана информација.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови