Експерт за сè!
Објавено во Рецензии
on 26 - 04 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Одложувањето на изборите не донесе ништо освен продлабочување на кризата во Македонија]
МНОЖИНА:
Форма кај менливите зборови што означува повеќе од едно лице, предмет или поим.
Оттука, еден „експерт“ не може да претставува „експерти“, зашто од погоре наведеното произлегува дека таквото мешање на множина и на еднина не е во духот на македонскиот стандарден јазик. Тоа е само еден аспект од проблематичноста на текстот. Не помал недостаток е изборот на соговорникот што се квлаификува како експерт.
Линк до оригиналниот напис: Одложувањето на изборите не донесе ништо освен продлабочување на кризата во Македонија
Датум и време на објавување: 20.04.2016 17:35
Датум на рецензирање: 25.04.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
БЛИКА ОД ПРИСТРАСНОСТ
Прва сервис-грешка:
- Ако се вели дека сте „набавиле“ мислења од експерти, тогаш тоа подразбира ставови на најмалку двајца, а не само на еден човек. Нејасно е дали бркањето множина и еднина е поради брзање да се испорача текстот ваков како што е или, пак, зашто не можеле да се пронајдат другите „дежурни експерти“ со веќе однапред одредена позиција кои можат да настапат за која било политичка, економска, а и геостратешка тема.
„Македонија не доби ништо со одложувањето на изборите од 24 април за на 5 јуни, само се продлабочи политичката и економската криза, а со тоа и безбедносната, сметаат експертите. Според нив…“
Ама, ваквата констатцијта, всушност не била „според нив“, туку „според него“.
Втора сервис-грешка:
Побарано е мислење од личност која е „експерт за сè“, кога треба да се брани позицијата на владејачката партија. Ако не верувате, видете само дел од насловите на написите во кои тој е главен актер аналитичар:
Даштевски: Сите на избори на 5 јуни, нема да дозволиме украинско сценарио
Даштевски: Би имале марионетска Влада, доколку опозицијата дојде на власт
Даштевски: На власт се доаѓа исклучиво по пат на избори, не со сценарија како што сака опозицијата
Ваквите негови „анализи“ потоа, најверојатно му го отворија патот кон државна служба како тазе член на Комисијата за заштита од дискриминација. Значи, за каков „експерт“ ние зборуваме? Очигледно пристрасен, би рекле.
Можеби неговите анализи, во конкретниот случај, се коректни, ама тоа, сепак, е помалку веројатното сценарио, имајќи го предвид неговиот претходен партиски багаж и актуелната политичка афилијација.
Оттука јасно произлегува и третата сервис-грешка. Еден експерт, необјективен настап поради неговиот претходен „медиумско-политички“ ангажман и ете ја по автоматизам пристрасноста на целиот материјал.
Значи, вистинитоста е под знак прашалник зашто има само еден обоен извор на информации што, пак, резултира со штура содржина, а пристрасноста „блика“ од сите страни….
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови