Ексклузивно: Неточна и непроверена вест
Објавено во Рецензии
on 11 - 05 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Иванов добил забрана за патување во странство, а Грујо од попладнево е во Систина]
Овој „текст“ е класичен пример како не треба да изгледа еден професионален напис. Во две реченици има толку шпекулации, непроверени тврдења, неаргументирани тези, невистини, плус граматички и правописни грешки, што ја прави оваа содржина неквалитетна и надвор од сите новинарски правила. Може да помине само како кафеански муабет.
Линк до оригиналниот наслов: ЕКСКЛУЗИВНО: Иванов добил забрана за патување во странство, а Грујо од попладнево е во Систина
Датум и време на објавување: 09.05. 2016
Датум на рецензија: 11.05.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
КАФЕАНСКИ МУАБЕТ
Првата невистина од „текстот“, дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Гуевски, имал инфаркт, падна во вода веќе наредниот ден. Човек што преживеал срцев удар тешко дека ќе можеше да се појави во еден ден на три места, а како што можеше да се забележи, изгледаше и доста здраво.
Тоа што најлесно можело да се сработи, е да се проба да се контактира со болницата што се споменува во овој материјал и да се оправда или да се побие шпекулацијата. Тоа не е сторено, па се остава можноста за сомнеж дека намерно е пуштена ваква шпекулација во јавноста, само за да се направи паника, пред сè, кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, и директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, изјави дека целосно неточна и измислена е информацијата дека претседателот на владејачката партија, Никола Груевски, има здравствени проблеми.
Откако излегоа сите овие текстови во јавноста, се направило обид да се измие образот од претходната невистина, па со крајно вулгарен наслов, „Г…а јадеме жив ееее, ќе го судимеее нема да се спаси: Груевски конечно се појави (ФОТО)“, порталот се демантира самиот себеси. Првичната објава, пак, сè уште не е избришана.
„Написот“ дури ниту технички не е опремен со потребните елементи – недостига фотографија, а нема ниту потпис на авторот.
Целосна шпекулација е и второто тврдење во „текстот“:
„А за Хорхе или Иванов нашиот наводен Претседател кој сите криминалци ги аболицираше дознаваме дека попладнево во неговиот кабинет стигнало известување од ЕУ за негова забрана за патување во сите 28 држави на ЕУ и плус во САД.“
И во овој случај не се забележува дека имало обид да се добие официјална информација од кабинетот на претседателот на државата или од Мисијата на Европската Унија во Македонија.
Сè на сè , крајно лоша објава, воопшто и не може да се нарече новинарски текст затоа што е далеку од тоа.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
прикажува невистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови

