verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Ексклузивно“: Чаршиски муабет!

on 14 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ekskluzivka

[Рецензија: Ексклузивно: Груевски и Чавков подготвуваат апсење на Заев и други лица од опозицијата]

 

Ми се сонило нешто, па чекај да го раскажам и да го пласирам како ексклузивна вест. Што друго може да се каже за овој напис? Тој нема никаква веродостојност, само сензационалност.

ЕКСКЛУЗИВНО ГРУЕВСКИ И ЧАВКОВ ПОДГОТВУВААТ АПСЕЊЕ НА ЗАЕВ И ДРУГИ ЛИЦА ОД ОПОЗИЦИЈАТАЛинк на оригиналниот напис: Ексклузивно: Груевски и Чавков подготвуваат апсење на Заев и други лица од опозицијата

Датум и време на објавување: 08.04.2016

Датум на рецензирање: 13.04.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

„ЕКСКЛУЗИВКАТА“ ТРГНАТА ОД ВЕБ-СТРАНИЦАТА

Насловот на текстот е навистина сензационален и ве наведува веднаш да кликнете на него и да прочитате за што станува збор. Но, кога ќе го отворите текстот, всушност, гледате дека се работи за чаршиски муабет, поткрепен со формулацијата „дознава нашата редакција“. Значи, повикај се на анонимни извори и имаш текст. Но, не е така.

Веста, според професионалните новинарски стандарди, треба да биде потврдена од најмлаку два извори и, секако, да содржи изјави преку кои ќе се проверат информациите.

„ВМРО-ДПМНЕ односно Никола Груевски и Митко Чавков во моментов подготвуваат сценарио за апсење на лидерот на СДСМ Зоран Заев и други лица од опозицијата дознава нашата редакција.“ 

Во текстот имаме директно посочување на одредени лица и нивно именување со име и со презиме. Тоа што недостига се изјави од посочените кои се обвинуваат дека ќе го апселе Зоран Заев.

„Како што велат нашите извори акцијата е веќе започната, Чавков и  Глигоров од одделот за организиран криминал се тргнати по македонските полициски станици и со притисоци се обидуваат да ги отстранат началниците во МВР поставени од министерот Спасовски.“ 

Ова, исто така, можело да се провери во МВР. Сигурно таму би знаеле доколку Чавков и Глигоров тргнале по полициски станици и малтретирале началници.

„Дали Никола Груевски официјално со денешната акција става крај на пржинскиот договор останува да видиме во наредните неколку часа?!“

На крајот, како шлаг на тортата, се остава читателот во неизвесност, да видиме што ќе се случи во наредните неколку часа. И видовме. Текстот беше тргнат од веб-страницата, со што сето напишано падна во вода.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови