verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Егзалтација поради „спонтаното“ исвиркување на Заев

on 5 - 08 - 2016       

11111

[Рецензии: НОВО ВИДЕО ОД ИСВИРКУВАЊЕТО НА ЗАЕВ: „Да ти е**м жената“, „П**ер“, „Гнида“, „Кодош“ и уште многу сочни пцовки!]

 

Исвиркување, еве, да кажеме и дека било спонтано, искористено како рекламен материјал за власта. Докажување, преку текст кој треба, а кој не треба да се појави на Мечкин камен на Илинден, зачинето со коментари и пристап на исклучивост. Врв на сè е употребата – пренесувањето на „сочни пцовки“ од присутните. Кога сè ќе се собере и извага, излегува дека станува збор за медиумски прозивод кој сериозно излегува од рамките на прифатливото.

 1111Линк до оригиналниот напис: НОВО ВИДЕО ОД ИСВИРКУВАЊЕТО НА ЗАЕВ: „Да ти е**м жената“, „П**ер“, „Гнида“, „Кодош“ и уште многу сочни пцовки!

 Датум и време на објавување: 04.08.2016

Датум на рецензирање: 04.08.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

  

„ОМРАЗЕНИОТ“ ОПОЗИЦИОНЕР

Четиво за задоволување на политичките страсти на партиското членство. Наводното „спонтано“ изразување незадоволство поради доаѓањето на лидерот на опозицијата во Крушево, искористено е за напис во кој, меѓу другото, се критикува неговото присуство на Мечкин камен. Демек, тој како да е недостоен за илинденско чествување:

„Пред два дена претседателот на СДСМ, кој покажа невидено лицемерие појавувајќи се во Крушево на Мечкин Камен каде што животот го положиле знајни и незнајни херои, борејќи се против тиранијата и кодошлакот, беше исвиркан од насобраните граѓани кои му порачаа дека неговото место не е меѓу патриотите“

Врз основа на што се обвинува и се носи пресуда за нечие лицемерство? Со кои новинарски алатки е проверено и аргументирано тврдењето? Со никакви. Сè е потпрепено на видеоматеријалот на кој  се слуша и се гледа исвиркување, ама кој ќе докаже дека тоа не се партиски активисти, провокатори, луѓе со задача, а не обични граѓани кои на тој начин го искажуваат револтот од работењето на опозицијата и го доведуваат под знак прашалник присуството на Заев во Крушево. Плус, имало инцидент и на другата страна во кој бил засегнат Никола Груевски, ама тоа не се споменува зашто текстот сака да го постигне ефектот на „сакан властодржец и омразен опозиционер“.

Искрено, не е првпат, а веројатно ниту последен партиски делегации да бидат исвиркани на Мечкин камен. Едноставно, можеби е тоа само рефлексија на нивото на политички култура кај партиите, кое не може да биде показател за општото расположение на населението за одреден човек, независно дали е на власт или во опозиција.

 

НЕДОЛИЧЕН ГОВОР

Настрана политичко-партискиот момент во написот на кој не се успеало да му се одговори непристрасно, објективно, без да се застрани, во случајов десно, проблематичен е и користениот говор. Во ред, станува збор за пренесување туѓи пцовки, ама сепак и во тоа треба да се има усул. Но, овде праг нема, пречекорени се нормите на прифатливото, би рекле дека изгледа како со извесен мерак да се редени зборовите на наводно самоиницијатвните викачи.

„Да ти е**м жената“, „П**ер“, „Гнида“, „Кодош“ и уште многу сочни пцовки!“

Што е многу, многу е…

Член 11 од Кодексот на новинарите е дециден:

Новинарот ќе се придржува и на општоприфатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.

Но, главниот проблем е што, според приложеното, воопшто и не се имале на ум професионалните стандарди при зачнувањето и оформувањето на текстот. Целта како да била само да се засили немилиот настан, за кој докрај не знаеме дали е спонтан или инстуриран чин од партиска кујна.

Значи, извори дискутабилни, пристрасност сериозна, професионалност никаква… Конечна оценка: лошо, навистина лошо.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

вулгарен и навредлив

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови