verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ЕДРИ: Нов закон со кој се загрозува слободата на изразување во Македонија

on 5 - 07 - 2013       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

Новиот македонски закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги создава сериозни ризици за слободата на изразување во Македонија.

Со новиот закон се проширува делокругот на државната контрола од електронските медиуми (што е оправдано бидејќи тие користат ограничен јавен ресурс, имено безжичниот спектар) на сите видови медиуми, вклучувајќи ги и печатените и медиумите на интернет. Ова е неоправдано и непотребно и во голема мера ги надминува условите на Директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги 2010/13/ЕУ.

Понатаму, премногу широките дефиниции (на пример, концептот новинари) и нејасни формулации создаваат ризик и можност за произволни толкувања од страна на државните регулатори, со што би се зголемил ризикот од поткопување на слободата на изразување.

Подготовката на законот се одвиваше без ефективни консултации со релевантните чинители, како што се граѓанското општество и професионалните медиуми. Како резултат на тоа, на предвидените регулаторни органи им се даваат овластувања кои можат да ги применуваат без транспарентност и одговорност.

Законот ја централизира моќта за изрекување високи казни и други санкции за медиумите и новинарите во само еден субјект; новата Агенција за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги којашто е под целосна контрола на владејачките политички партии. Владејачките партии можат да назначат 6 од 7 членови на одборот преку Собранието и Асоцијацијата на општини (ЗЕЛС).

Спротивно на членот 16 од македонскиот устав кој категорично ја забранува цензурата, Законот за медиуми и овозможува на Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги да наметнува ограничувања на слободата на изразување кои се косат со тековните закони (особено со Кривичниот законик за говор на омраза и Законот за клевета).

Можноста за изрекување високи парични казни значи дека медиумите всушност можат и да се затвораат поради непочитување на бирократските процедури за регистрација или известување на Агенцијата, поради објавување содржини кои агенцијата ги смета за морално штетни или доколку не објавуваат известувања од државните органи. Згора на тоа, член 56 од предлог-законот исто така и овозможува на Агенцијата да го ограничи преносот или приемот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од други земји. Формулацијата на оваа одредба е толку нејасна што би можела да се користи за да се побара блокирање на странски видео услуги преку интернет, како што се YouTube или Vimeo.

Извор: ЕДРИ-грам „Macedonia: Freedom of expression endangered by new law“ бр. 11.11, 5 јуни 2013.