verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Едностраноста и непрофесионализмот немаат рогови

on 13 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 213 - Diskriminimi s’ka brirë_ Për në vendb_ - http___www.almakos.com_diskriminim

 

Напис – Дискриминацијата нема рогови: За албанските населби автобуси на два часа, за кај Mакедонците на секои 15 минути!

За да се види дека Aлбанците во Македонија се дискриминирани, не е потребно некое големо истражување. Доволно е да се погледне рапоредот на jавниот превоз и веднаш ќе видите една реалност на секојдневниот живот, која е горчлива, но со која Aлбанците се соочуваат со голема мака.

На еден жител од Студеничани му се случило да чека автобус полни два часа, додека, пак, автобуси кон населбите со Mакедонци поминуваат на секои 15 минути.

„Во македонските населби, претпријатието за јавен транспорт има на располагање автобуси на секои 15 минути, а за албанските населби не само што се ретки, туку се случува за населбите за кои се знае дека имаат потреба, воопшто и да нема автобуси. Во оваа студена зима кутрите Албанци го чекаат автобусот по два часа во денот, кој се случува и да не дојде воопшто, затоа што така решило ЈСП и по тоа излегува некој кој ветува големи дела и се нарекува себеси патриот“, вели со разочарување еден жител на Студеничани.

 

[Рецензија – Дискриминацијата нема рогови: За албанските населби автобуси на два часа, за кај Македонците на секои 15 минути!]

Текстот што го рецензираме не почнува со суштината на веста, туку со квалификации и со коментари кои нема право да ги прави еден новинар кој е автор на информативен напис. Во еден ваков случај, главна грижа на новинарот треба да биде јавниот интерес, а не коментирањето, личните проценки или, пак, „шминкањето“ на текстот. Во случаи кога се работи за тешкотиите на кои наидуваат граѓаните како последица на снегот и на студеното време кое ја зафати овие денови нашата земја, новинарот треба да биде на терен меѓу граѓаните, а не да дели мислења само врз основа на тоа што го зборува едната страна.

Веста е од јавен интерес, дури и на овој етнички контекстуализиран начин на кој е прикажана. Меѓутоа, може да се каже дека нема премиси на професионално новинарство. Тука има обид за информирање, но, за жал, новинарот завршил само како коментатор на тешката состојба во која се наоѓаат граѓаните на Студеничани и на некои други места.

„За да се види дека Албанците во Македонија се дискриминирани, не е потребно некое големо истражување. Доволно е да се погледне распоредот на јавниот превоз и веднаш ќе видите една реалност на секојдневниот живот, која е горчлива, но со која Албанците се соочуваат со голема мака“.

diskriminimi-ska-brire-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Дискриминацијата нема рогови: За албанските населби автобуси на два часа, за кај македонците на секои 15 минути!

Датум и време на објавување: 07.01.2017

Датум на рецензирање: 09.01.2017

Рецензент: Адриан Керими

Една изјава од жителите не е може да биде доволна основа за комплетирање на една вест. Како последица на непочитувањето на теренот и неангажирањето на авторот да анкетира што повеќе жители кои се соочуваат со истиот проблем, текстот отвора сомнежи за неговата веродостојност и за неговата целосна вистинитост.

„На еден жител од Студеничани му се случило да чека автобус полни два часа, додека автобуси кон населбите со Македонци поминуваат на секои 15 минути“.

Веста е составена врз основа на зборовите на револтираниот жител на селото. Новинарот е должен да покаже професионално дистанцирање од лицата со кои тој контактира, но и да преземе одговорност за вистинитоста на изјавите, што значи дека тој треба да истражува за да докаже дали тоа што го кажува неговиот извор е или не е вистина. Емоциите никогаш не треба да се придружуваат со коментари и да се вметнат во текстот на веста, затоа што на тој начин ќе се добие впечаток дека текстот е тенденциозен коментар, а не вест или, пак, новинарски напис за доброто на граѓаните отсечени поради блокираните патишта.

„Во македонските населби, претпријатието за јавен транспорт има на располагање автобуси на секои 15 минути, а за албанските населби не само што се ретки, туку се случува за населбите за кои се знае дека имаат потреба, воопшто и да нема автобуси. Во оваа студена зима кутрите Албанци го чекаат автобусот по два часа во денот, кој се случува и да не дојде воопшто, затоа што така решило ЈСП и по тоа излегува некој кој ветува големи дела и се нарекува себеси патриот“, вели со разочарување еден жител на Студеничани“.

Веста е еднострана. Не е побаран став од споменатата страна во текстот. Покрај тоа што нема објаснување дали имало каков било обид да се земе став од ЈСП Скопје, во текстот не е даден ниту преглед на распоредот на автобусите за наведениот регион, за барем на тој начин да се докаже наводната дискриминација, а да не зборуваме за известувањето од терен, за да се докаже наведеното на начин на кој тоа го прават вистинските новинари, директно да се види дали е вистина или, пак, лага тоа што се тврди од жителите.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

има поттикнување на предрасуди

не потикнува на насилство

поттикнува ернички предрасуди

национална дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови