Еднострана објава без новинарска диоптрија
Објавено во Рецензии
on 15 - 11 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Никој не верува дека Црпко може да биде премиер: И самиот Заев знае дека ќе загуби, затоа што нема што да понуди]
Имаме едноставно копирање на говорот на лидерот на владејачката партија, без суштинска новинарска интеревнција, а тоа е работа што може да ја заврши кој било „копирач“, дали од обична копирница, дали од центарот за комуникации со јавноста на партијата. Единственото, еве, да го наречеме, некакво ангажирање околу текстот, е во насловната конструкција и тоа е многу лошо сторено.
Линк до оригиналниот напис: Никој не верува дека Црпко може да биде премиер: И самиот Заев знае дека ќе загуби, затоа што нема што да понуди
Датум и време на објавување: 06.11.2016, 19:52
Датум на рецензирање: 12.11.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ГОВОРОТ НА ЛИДЕРОТ ОД А ДО Ш
Ова би го нареклe „новинарство“ без ангажман. Што друго да се каже за напис што нема речиси никаква оригинална реченица од тоа што ни го нуди како легитимно новинарско четиво. Попрецизно, имаме четири мошне долги цитати од Никола Груевски и помеѓу нив само три реченици, кои, пак, се парафраза на настапот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Ептен ангажирано, навистина, нема што. Па зошто воопшто и се мачеле да „интервенираат“ со тие три реченици. Се можело и без нив, пуштете го лидерот интегрално, од А до Ш, нека се доискаже човекот. За ваков производ не треба новинар, може кој било да го сработи, со насоки можеби од штабот за тоа кои се најударните парчиња од говорот кои треба да добијат посебен третман.
Насловната конструкција, мора да признаеме, сепак е со авторски печат. Каков, тоа е друго прашање.
„Никој не верува дека Црпко може да биде премиер: И самиот Заев знае дека ќе загуби, затоа што нема што да понуди“
Наслов надвор од сите стандарди. Прво, нејасно е кој го вели тоа, дали е сегмент од говорот на Груевски или, пак, е заклучок на тој што го пишувал текстот? Второ, несоодветен е вокабуларот што се користи зашто е јасна навреда за лидерот на опозицијата. Ова е во спротивност со членот 15 од Кодексот на новинарите:
„Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката“
Насловот сосе содржината јасно укажува на едностраноста што ја носи материјалот. Не се ни направил обид за балансиран приод што, пак, се коси со членот 14 од новинарскиот Кодекс:
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Заклучокот сам се наметнува, зашто кога ќе отсуствува минимална новинарска диоптрија, а притоа отворено ќе се заземе политичка страна и ќе се користат навреди, јасно е дека се добива конечен производ кој е навистина лош.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови