verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Еднострана „анализа“ за еврообврзницата

on 15 - 07 - 2016       

Lider

 

[Рецензија: Еврообврзница ќе внесе свеж капитал во стопанството]

Текстот што е предмет на рецензија е едностран бидејќи ги презентира ставовите на експертите кои на некој начин го оправдуваат новото задолжување на државата со еврообврзницата со рекордни 650 милиони евра. Во него воопшто не се зема предвид и другата страна, односно реакциите на политичките партии, аналитичарите, коморите, кои предупредуваат на негативните последици од преголемото задолжување. Во оваа анализа, изнесени се ставови на аналитичари кои се за задолжувањето, а отсуствуваат аргументите против, и оттука станува збор за текст што е несеопфатен и пристрасен.

 

13689392_10154120416509733_2109571765_nЛинк до оригиналниот напис: Еврообврзница ќе внесе свеж капитал во стопанството

Датум и време на објавување: 13.07. 2016, 08.43

Датум на рецензирање: 14.07.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

КАПИТАЛ ЗА КАПИТАЛ – АМА КОЛКАВА Е СУМАТА?

Написот почнува со информацијата дека државата се подготвува да ја издаде петтата обврзница, без притоа да информира дека станува збор за највисока сума од сите еврообврзници издадени досега. Исто така, отсуствува информацијата што значи тоа задолжување за државата. Оправданоста ја наоѓа во „внесување на свеж капитал во стопанството“, став кој е идентичен со тој во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска со издавањето на еврообврзницата. Во написот, исто така, се вели дека таа треба „да гарантира нормален тек на економијата во време на политичка криза“, што, исто така, соодветствува со ставот на политичката партија на власт, кога вели дека „еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори.“

„Македонија се подготвува да ја издаде петтата евробврзница во својата историја. Преку неа треба да се внесе свеж капитал во земјава и да се гарантира нормален тек на економијата во време на политичка криза“.

Во текстот понатаму се вели дека со парите од еврообврзницата ќе има и средства за компаниите, но досегашното искуство од задолжувањето го демантира овој став. На прашањето, колку приватниот сектор досега видел добробит од задолжувањата, директорот на Стопанска комора на Северозападна Македонија, Фатмир Бикиќи, истакна дека ако парите се користат за пензии, плати, социјални трансфери, тоа не е свеж капитал за економијата и за компаниите, туку задржување на социјалниот мир.

„Со издавањето еврообврзница ќе се намали домашното задолжување, што значи дека помалку ќе се користат домашните извори на финансирање, а со тоа ќе се остават повеќе средства за кредитирање на приватниот сектор“.

 

МОЛК ЗА ПОРАСТОТ НА ЈАВНИОТ ДОЛГ

Во текстот што е предмет на рецензија се пишува и за јавниот долг, но не се изнесува фактичката состојба за него и колку тој ќе се зголеми доколку се реализира еврообврзницата. Кире Наумов од СДСМ на прес-конференција истакна дека со издавањето на еврообврзницата од 650 милиони евра, јавниот долг ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54 проценти од БДП. За задолжувањето предупредија и дел од економистите кои истакнаа дека ако одиме со ова темпо на задолжување и немаме пораст од најмалку пет проценти на економијата годишно, до 2020 ќе нѐ дочека грчко сценарио.

„Јавниот долг, пак, изнесува 4,3 милијарди евра или 45 проценти од БДП. Македонија е една од најмалку задолжените земји во Европа (по Естонија, Луксембург, Бугарија и Латвија), што ги побива тезите пласирани од опозицијата и од експерти блиски до нив дека на Македонија е се заканува грчко сценарио. Напротив, Македонија е држава во која внимателно се води сметка за долгот на земјата“.

Во анализата, исто така, не пишува ниту дека одлуката за новата еврообврзница е незаконска, бидејќи на сила се промените во Законот за Влада (Сл. весник број 196/15) направени во согласност со Договорот од Пржино, на што предупредија и СДСМ. Како резултат на ова, односно откако член на СДСМ преку писмо до гарантите ја оспори легалноста на постапката, издавањето на еврообврзницата е одложено.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови